Седумте витези кои ја „чуваат“ Москва

Russia Beyond (Photo: Валериј Шустов/Sputnik; Игор Иванко/Агенција „Москва“; Јулија Иванко/mos.ru)
Скулптурите на витезите будно гледаат на сите четири страни на светот од фасадите на московските зданија.

1. Север – витезот на зградата на Шугаева

Станбената зграда на Ана Шугаева (специјално изградена за издавање станови) се наоѓа на улицата „Садово-Самотјочнаја“ бр. 2.

Изградена е 1913-1914 година во стилот на скандинавската сецесија (Art noveau) според проект на архитектот Василиј Волокитин.

2. Исток – витезот на Епштејновата зграда

Станбената зграда со станови за изнајмување на Максим Осипович Епштејн во улицата „Гусјатников Переулок“ бр. 11 е изградена од архитектот Валентин Дубовски во неоготски стил.

Витезот на нејзината фасада е најстариот од сите средновековни московски витези. Се наоѓа на нивото на првиот кат и јасно се гледа.

3. Југ – витезот на Дементовата зграда

Оваа станбена зграда на „Бољшаја Пољанка“ бр. 54 исто така е изградена според проект на Валентин Дубовски, а по нарачка на трговецот Јаков Демент.  

Првично имала два витеза, но е зачуван само еден.

4. и 5. Запад – витезите на Рековата зграда

Оваа станбена зграда на Јаков Рек во улицата „Пречистенка“ бр. 13  е изградена во 1911 година според проект на Густав Хелрих, а ја красат два витеза.

6. и 7. Запад – витезите на зградата на Филатова

Најпознатите витези во Москва се наоѓаат на Арбат, на станбената зграда на Ана Филатова (бр. 35), изградена 1913-1914 година според проект на Валентин Дубовски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња