- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Чукоткските „кекури“ се наоѓаат на неколку километри од градот Певек на северот на Чукотскиот автономен округ (69°42′ северна географска ширина).
Певек е сместен на брегот на теснецот и е опкружен со ридови. Познат е по најсилните ветрови на светот.
Овде често дува „Јужак“, ветер кој буквално те соборува од нозе. Така природата со помош на ветровите од карпите направила „кекури“.
Овие „остатоци“ на камени карпи изгледаат како прсти кои стрчат од земјата. Групирани се на неколку места.
Тие немаат официјални имиња, но мештаните ги нарекуваат на свој начин - „Престол“, „замок“, „ѕидови“ па дури и „профилот на Сталин“.
Луѓето изгледаат ситни во споредба со џиновските карпести остатоци во позадина.