Санкт Петербург се наоѓа во Финскиот залив и таму врне редовно, па многу жители на градот постојано носат чадор со себе. Една од најпопуларните интернет шеги е дека во Санкт Петербург непрекинато врне од 1703 година, односно од датумот на неговото основање.
Градот, изграден од најдобрите руски и европски архитекти на своето време, отсекогаш привлекувал талентирани и амбициозни луѓе од целата земја. Тој бил дом на многу писатели, уметници и изведувачи и ги има најдобрите музеи. Дури и ако се сметате себеси за рамнодушни кон уметноста, многу е лесно да се приклучите на светот на убавината во Санкт Петербург. Започнете со посета на Мариинскиот театар или музејот „Ермитаж“!
Ако дојдете во Санкт Петербург во лето, не заборавајте дека навечер градските мостови на реката Нева се креваат и градот се претвора во неколку острови. Ноќното шетање низ Санкт Петербург е вистинско задоволство, особено за време на Белите ноќи. Но, ако вашиот хотел е од другата страна на Нева и мостовите се веќе издигнати, или ќе мора да пешачите до сабајле или да нарачате такси за големи пари, кое треба да го заобиколи целиот град. Или да останете на место и да чекате да се спушти мостот.
Во градот од 23 до 07 часот е забрането викање, свиркање, удирање, поместување мебел, пеење, свирење музички инструменти итн. За време на викендите, бучавата е исто така забранета од 7 до 12 часот. Казната за физички лица е до 5000 рубли (околу 50 евра). Во принцип, ако сакате да пеете и танцувате, одете на улицата „Думска“, каде што сè започнува навечер!
Централната улица на Санкт Петербург е најтуристичка и многу бучна и фреквентна. Дали сакате тивко да прошетате по центарот? Само свртете во која било уличка и за прошетка низ градот ќе најдете многу удобни и тивки места далеку од гужвите.
Не заборавајте дека (нешто како гиро) во Москва се нарекува „шаурма“, а во Санкт Петербург е познато како „шаверма“. Да, визуелно нема разлика, но секој град ја смета за правилна само својата варијанта. Дури и филолозите се расправаат за правилниот назив на овој популарен вид брза храна!
Влезот во зградата на руски се нарекува „подъезд“ (од глаголот „подъехать“ – да пријдеш со автомобил), но жителите на Санкт Петербург официјално го нарекуваат „парадная“, односно параден влез. И тоа се зема предвид во адресите. Историски гледано, повеќето стари згради во центарот на градот имаа и параден влез и задна врата.
Општо земено, жителите на Санкт Петербург имаат и други зборови кои се чинат неразбирливи дури и за човек кој добро знае руски.
„Пишка“ (рус. „пышка“) во основа е свежо печена крофна посипана со шеќер во прав. Местата каде што се продаваат се нарекуваат „пишечнаја“ и ги има многу. Можеби најпозната е онаа на улицата „Бољшаја Коњушенаја“, но и другите места се исто толку добри! Се разбира, пишките се многу хранливи, но се важен дел од гастрономската култура на градот, со што се гордее секој жител.
Павловск
Олга Сејфутдинова/Getty ImagesСанкт Петербург е град распространет на 33 острови и ќе пропуштите многу ако не го посетите оддалечениот остров со тврдината Кронштат или уникатниот остров Васиљевски со неговите јавни површини преуредени од поранешни фабрички квартови.
Во Санкт Петербург се наоѓаат и поранешни царски резиденции со луксузни палати и паркови: Петерхоф, Ораниенбаум, Павловск и други. Вреди да се посети барем една од нив!
Санкт Петербург беше престолнина на Руската империја повеќе од 200 години и не е вообичаено локалните жители да ја фалат Москва. Многу луѓе сметаат дека патувањето во сегашниот главен град е извикано, бидејќи таму има повеќе можности за кариера, но Санкт Петербург може да го сакате само затоа што ги има најубавата архитектура и Ермитаж. Затоа никогаш не треба да им кажувате на жителите на Санкт Петербург дека ви се допаднало нешто во Москва, на пример, нова метр-станица или музеј. Сите знаат дека најдобрите метро-станици и музеи се само во северната престолнина на Русија!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче