Во пространиот центар на Санкт Петербург главно има згради изградени пред револуцијата, во текот на XIX и почетокот на XX век. Нивната извонредна убавина не е ограничена само на надворешниот изглед, туку го вклучува и внатрешното уредување. Елегантните свечени, таканаречени „парадни“ влезови и скалила пленат со убавината и денес, иако многу од нив се многу дотраени.
„Парадниот“ влез е специфичен петербуршки назив кој потекнува од времето кога Санкт Петербург бил првиот град во империјата во кој живеела целата администрација, дворот и најбогатите луѓе во земјата. „Парадните“, главните скали биле складно украсени со гипсени работи, витражи, барелјефи и скулптури. Пред ваквите главни влезови пристигнувале луксузните кочии да го однесат домаќините на бал. А по споредните скали оделе слугите.
Во Петербург има толку многу историски градби што градот не може да се справи со нивната поправка и реконструкција. Во исто време, многу луѓе сакаат да живеат во стари куќи, дури и оние кои се склони кон уривање. Има и такви кои сами ги реновираат.
Кога болшевиците дојдоа на власт, тие ја укинаа приватната сопственост на станбениот простор. Во куќите на поранешните господа почнаа да се вселуваат нови станари без нивно знаење и согласност. Така новата влада се обидуваше да го реши проблемот со недостиг на станови за работниците и селаните кои се преселија во градовите.
Ако порано едно богато семејство имаше петнаесет соби, со доселувањето на новите потстанари, сега во секоја од тие соби живееја по неколку генерации од едно семејство.
Куќата била изградена за трговецот Ернест Јункер, но набрзо ја купила извесна Мариј Келмаер. Познато е дека во зградата биле сместени управата на Владикавкаската железница и музичка продавница. Денес тука се сместени неколку хотели и ресторани.
Во зградата се зачувани оригиналните витражи, печката на влезот и барелјефите со прикази на годишните времиња. Влезот е бесплатен, а тури се организираат во четврток во 19 часот.
Во некои куќи се зачувани каријатиди и атланти, како на пример во куќата за издавање на Владислав Краевски. Во оваа зграда, во својот стан, тој ја основал првата спортско-боречка секција во Русија.
Куќата е позната како вилата на Нејдгарт. Во нејзина непосредна близина се наоѓа вила-имењачка во која се снимаат филмови и се одржуваат свечени настани. Но, куќите не припаѓале на истите Нејдгарти
Жителите на градот го нарекле овој главен влез камилица поради неговите жолти ѕидови и белиот таван. Куќиштето на лифтот кое се гледа на фотографијата е одамна запуштено, лифтот не е зачуван. Сепак, некои извори укажуваат дека некогаш во куќата бил поставен првиот парен лифт во Петербург.
Во куќата може да се влезе така што на портирот му се плаќаат 130 рубли.
Куќата е изградена по проект на архитектот Јаков Гервиц за акционерското друштво „Строитељ“. Веќе по револуцијата во куќата живееше советската номенклатура и интелигенција, шефот на локалното НКВД, ректорот на Ленинградскиот универзитет, уметници и писатели.
Овде беа снимени неколку сцени од култниот филм на Алексеј Балабанов „Брат“.
Во некои згради се зачувани и детали од ентериерот како столпчиња на скалите во вид на фигури и барелјефите.
Куќата била во сопственост на Григориј Елисеев, претставник на трговската лоза Елисееви. Тие биле сопственици на фабрика за слатки, продавници и дуќани.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче