- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Необичното место во планините на Алтај, каде ви се чини како да сте на Марс, се наоѓа на планинскиот масив Кизил-Чин (Кош-Агачки рееон), оддалечено околу 9 километри од селото Чаган-Узун. До него водат патокази со натпис „Марс“.
Legion Media
Различните бои во кои се прелеваат овие долини потекнуваат од високата содржина на метал во карпите. Манганот им дава на планините боја на јоргован, железото е црвено, а хромот ги обојува жолто. Содржат уште и пирит, калцедон, примеси на титаниум и калај.
SeregaSibTravel / Getty Images
Нијанси на боите, исто така, варираат и во зависност од осветлувањето. Најдобрите глетки се во утринските часови.
Olga_Gavrilova / Getty Images
Сите планини имаат многу различни форми и не личат една на друга. На едно место има длабоки долови, на друго карпести столбови или благи падини.
Olga_Gavrilova / Getty Images
Во близина тече река која се храни од водите на планински глечер. Глечерот се топи на дневното сонце и ја храни реката, а ноќе таа мирува. Сè на сè, секој пејзаж овде е нешто посебно.
Olga_Gavrilova / Getty Images
Пред повеќе милиони години на ова место имало древно море, па на прошетка по „Марс“ сè уште можете да најдете камења со школки и морски алги.
Legion Media
До првата планина може да се стигне со теренско возило, а другите можете да ги посетите пеш. Посетителите не се чести - најчесто тоа се гости на локалните туристички центри.
Legion Media