Каде и кога во Русија можете да ги видите најубавите цветни полиња? (ФОТО)

Макс Ветров/Sputnik
Каде во Русија можете да направите најефектни снимки меѓу цвеќе?

1. Април: лале

Април е месец на полињата со лалиња во Калмикија. Најживописните полиња може да се видат во близина на езерото Манич-Гудило.

Патем, во главниот град на регионот, градот Елиста, од 1 до 30 април 2023 година се одржува годишниот Фестивал на лалето.

2. Крај на април: рододендрон

Во исто време, падините на Алтајските планини и бреговите на реките се облечени во нежно розова нијанса: таму цути рододендронот. Почетокот на цветањето ја отвора летната сезона во Алтајскиот крај.

А на 29 април 2023 година во туристичкиот комплекс „Бирјузоваја Катуњ“ (Тиркизна Катуњ) се одржува фестивалот „Цутење на рододендронот“.

3. Крај на април – мај: маслодајна репка

Светложолтите полиња со маслодајна репка се популарни меѓу туристите и фотографите. Можат да се видат во многу региони:

- во Калининградската,  

- Ленинградската,  

- Брјанската,

- Курската,

- Псковската,

- Тулската,  

- Кемеровската област,

- на Крим,

- во Краснојарскиот

- и Алтајскиот крај.

Во некои региони маслодајната репка цвета и во јули.

Внимавајте: поленот останува на облеката.  

4. Мај: степски божур

Степските божури не се толку бујни како градинарските, а понекогаш луѓето ги мешаат со лалиња.

Полиња со степски божури може да се видат во Ставрополската територија, Саратовската област и на Крим.

А во регионот Радишевскиот реон на Улјановската област во средината на мај секоја година се одржува фестивалот „Степски божур“.

5. Мај: булка (див афион)

Кон средината на мај степите на Кримскиот полуостров стануваат црвени. Посетете ги и фотографирајте ги во реонот на Бахчисарај, на ‘ртот Казантип, во полињата кај Балаклава и Инкерман, како и во степата помеѓу Феодосија и Керч.

Полиња со булки растат и во близина на Анапа, Астрахан и Краснодар.

6. Јуни и јули: лупин и лаванда

Лупинот е по потекло од во Северна Америка. Се смета за плевел и практично се наоѓа во сите региони на Русија, дури и во зоната на тајгата. За другите полски растенија оваа билка претставува закана, бидејќи многу брзо се шири, но љубителите на фотосесии ги сакаат неговите полиња поради виолетовите, розовите и бели цветови. Нивното цветање започнува во јуни-јули.

Полињата со лаванда растат првенствено на југот на земјата.  

Константин Михаљчевски/Sputnik

Во Краснодарскиот крај – во Кримскиот реон, недалеку од Анапа, како и во Северниот реон - не може да се видат полиња со дива лаванда. Станува збор за приватни имоти кои можете да ги посетите доколку им платите на сопствениците или како дел од организирана тура.

Лавандата се одгледува и на Крим. Плантажи може да се видат во близина на Симферопол и Севастопол, на ‘ртот Тарханкут и во Бахчисарајскиот реон.

7. Јули и август: лотос

Лотосот расте:

- во регионот на Кубањ (на територијата на Краснодарскиот крај, Адигеја, Карачаево-Черкесија, западниот дел на Ставрополскиот крај),

- во Астраханската област (во делтата на Волга и на брегот на Каспиското езеро),  

- во Калмикија,  

- Курската,  

- Волгоградската област,

- на Далечниот Исток: во Приморскиот и Хабаровскиот крај и Амурската област.

Подетално за цветањето на лотосот дознајте тука.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња