Ова е атракција на која не ѝ треба дополнителна промоција! Тоа навистина би требало да биде првото нешто што ќе го направите во Москва! Црвениот плоштад на руски се нарекува Краснаја плошчад, (Красная площадь), бидејќи зборот „красни“ (красный) некогаш значел „убав“. Значи, навистина е најубавиот плоштад во градот!
Ова место не е само за правење селфи со ѕидовите и кулите на Московскиот кремљ или прекрасниот храм „Св. Василиј Блажени“ со заоблените куполи. Можете исто така да го посетите и мавзолејот на Ленин и да го погледнете внимателно сочуваното тело на советскиот револуционер. Потоа можете да ја истражите повеќевековната историја на Русија во Државниот историски музеј. И, се разбира, можете да направите одличен шопинг во стоковната куќа ГУМ или само да ѕирнете внатре за да видите колку е убава. Не заборавајте да ги погледнете неверојатниот таван и покривот!
Сцена од балетот „Оревокршачка“
Дамир Юсупов/ Большой театрДа се посети Москва и да не се организира балетска вечер би било злосторство. Ќе имате голема среќа доколку датумите на вашите патувања се поклопат со легендарните претстави на „Лебедово езеро“, а во зима изберете ја „Оревокршачка“ во неверојатното божиќно руво. Меѓутоа, секој друг балет или опера исто така ќе одговара! Во најмала рака, би можете само да отидете и да се напиете шампањ во раскошниот ентериер на театарот „Бољшој“. Не заборавајте да се дотерате!
Сцената на театарот „Бољшој“
Сергей Бобылев/TASSАко не можете да набавите билети за „Бољшој“ или ако не одговараат на вашиот буџет, обидете се да ги посетите Музичкиот театар „Станиславски и Немирович-Данченко“ и да уживате во балетска или оперска претстава која на ниеден начин не е инфериорна во однос на оние во театарот „Бољшој“.
Станицата „Комсомолскаја“
David P. Hilss/Getty ImagesГрадското метро е всушност џиновски подземен музеј. Значи, вреди да се вози, дури и ако претпочитате да пешачите или да се возите со такси. Задолжително видете ги величествените мозаици на станиците „Комсомолскаја“, „Киевскаја“, „Мајаковскаја“ и „Новокузнецкаја“, истрлајте го носот на бронзеното куче или петелот за среќа на станицата „Плоштадот на револуцијата“, направете кратка обиколка на древните руски градови на станицата „Цветни Булевар“ и уживајте во лустерите и мермерните барелјефи на станицата „Паркот на културата“!
Станицата „Плоштад на револуцијата“
Игорь Иванко/Агентство «Москва»Ако одите на едно или две возења, можете да купите билет за едно или две возења. Но, ако планирате почесто да го користите метрото, тогаш вреди да купите картичка „Тројка“ и едноставно да ја надополнувате по потреба. Може да послужи како сувенир од Москва и сé уште можете да ја користите кога ќе дојдете повторно!
Погледнете го нашиот водич низ најубавите станици на московското метро ОВДЕ.
Москва е град полн со историја, уметност и култура. А во Третјаковската галерија можете да најдете една од најголемите збирки на национална ликовна уметност. Започна како приватна колекција на московскиот претприемач од XIX век по име Павел Третјаков, кој подоцна ја донираше целата галерија на градот бесплатно.
Можете да откриете сјајни слики како „Иван Грозни и неговиот син Иван на 16 ноември 1581 година“ од Иљја Репин, „Болјарката Морозова“ од Василиј Суриков, „Богатири“ од Виктор Васнецов и многу други, како и портрети на најпознатите личности во Русија.
Ако немате време, еве водич за главните ремек-дела што треба да ги најдете. А ако сте повеќе по авангардната уметност или советската официјална уметност на ХХ век (и сакате да го видите легендарниот „Црн квадрат“ на Казимир Малевич), тогаш подобро е да ја посетите Новата Третјаковска галерија на Кримскиот Вал, сместена недалеку од „старата“ галерија.
Откако ќе го истражите центарот на градот, отидете на мал излет, малку надвор од него до метро-станицата ВДНХ, каде што има возбудлив парк од советската ера. ВДНХ е руски акроним за „Изложба на достигнувањата на народното стопанство“. Порано тоа беше место каде што се собираше и изложуваше најдоброто од сите советски републики.
Сега тоа е област за рекреација и забавен парк со многу кафулиња, ресторани и места за улична храна. Можете да изнајмите велосипед, скутер или да ја истражите неговата огромна територија пеш. Веднаш ќе ја забележите сета прекрасна архитектура во стилот на сталиновиот ампир и неверојатните фонтани околу вас. Потоа, можете да посетите неколку мали музеи посветени на вселената, историјата, советските играчки и анимираните филмови, па дури и гаражата за посебна намена. Гарантираме дека децата добро ќе се забавуваат во „Москвариум“!
После оваа духовна храна, време е да се препуштите на вистинската храна! Москва е позната по бројните ресторани од сите кујни, вкусови и за секој буџет. Постои дури и локален синџир за брза храна „a la Russe“ наречен „Теремок“ каде што можете да уживате во евтини палачинки, пељмени и традиционални пијалоци како „морс“ или „збитењ“.
Меѓутоа, Москва е модерен мегалополис со толку големи можности што едноставно моравме да ви посоветуваме да пробате фенси храна во некој од рестораните препорачани од водичот „Мишелин“ уште во 2021 година, кога меѓународниот рејтинг официјално пристигна во Русија! „Градината на близнаците“ на браќата Березуцки, „АРТЕСТ – Масата на Шефот на кујната“ на Аркадиј Новиков - и повеќе – погледнете го нашиот детален водич за најмодерните и највкусните места ако не сте загрижени за вашиот буџет!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче