Екатеринбург, престолнината на Урал, го слави 300 роденден

Патувања
АНА СОРОКИНА
Градот е основан на 18 ноември 1723 година со декрет на императорот Петар I, но Денот на градот официјално се слави третата сабота од август (оваа година тоа беше 19 август). Екатеринбург го добил името во чест на царицата Екатерина I, сопругата на Петар I.

Историјата на Екатеринбург започнува со железарницата во центарот на градот, која работела до 1808 година. До крајот на XIX век во градот, меѓу другото, се ковале најголем дел од металните пари на Руската империја. Денеска на местото на старите работилници се наоѓа Историскиот плоштад со неколку музеи.

Во советско време Екатеринбург се викал Свердловск (од 1924 до 1991 година) по револуционерот Јаков Свердлов и тогаш станал голем индустриски центар.

За време на Втората светска војна тука се произведуваше легендарниот тенк Т-34, а подоцна беа правени и рударски багери и парни хидраулични преси.

Екатеринбург и денес е град на тешката машинска индустрија.

Свој архитектонски изглед градот го должи на зградите изградени во стилот на советскиот конструктивизам. Во 1991 година овде започна да работи единственото метро на Урал.

Тоа го поврзува реонот на фабриката „Уралмаш“ со историскиот центар на градот и периферијата. Инаку, покрај модерните картички, во него важат и старите метални жетони на Московското метро.

Затоа, ако ги најдете некаде меѓу заборавените работи, имајте на ум дека во Екатеринбург можат да ви бидат од полза.