Нижни Новгород
Дмитриј ЧетвjoртовСпоред руското издание на магазинот „Форбс”, Нижни Новгород е најперспективниот град во Русија, со оглед на напредокот што го постигна во последните десет години во однос на урбанистичкото планирање, културата и квалитетот на животот.
Овој град на брегот на Волга беше домаќин на важни национални и меѓународни настани. Беше еден од домаќините на Светското првенство во фудбал 2018 година, а е домаќин и на познатиот фестивал за електронска музика под називот Alfa Future. Покрај тоа, ја доби и главната награда во областа на современата уметност „Иновација“, која првпат му припадна на град а тоа да не е Москва. Поддршката на локалните претприемачи е уште една причина зошто Нижни Новгород се најде на прво место.
Нижни Новгород
Алексеј Филипов/SputnikСанкт Петербург, претставен како срцето на алтернативната култура, се најде на второто место. Некои од најуспешните проекти го вклучуваат комплексот Нов Холандија.
Санкт Петербург
Legion MediaНа третото место се најде Казањ, главниот град на Татарстан, кој доживува забрзан развој на јавните места: парковите, плоштадите и другите зелени површини. Казањ стои зад голем број амбициозни архитектонски проекти, меѓу кои се истакнува изградбата на идната Национална библиотека на Татарстан.
Казањ
Legion MediaЧетвртото место му припадна на Екатеринбург, град во кој посебно се издвојува неговото Уралско индустриско биенале. Следуваат Владивосток, главниот град на рускиот Далечен исток, препознатлив по своите иновативни уметнички и архитектонски проекти, и Краснојарск во Сибир, каде што се одржа првото руско биенале на современата уметност.
Екатеринбург
Legion MediaТула, град со само 500000 жители, може да се пофали со дури три уметнички кластери, како и со сѐ поголемиот број ресторани и барови.
Тула
Legion MediaЈарослављ се најде на осмото место и тоа благодарение на проектот Textil кој овозможи препород на еден напуштен кварт на овој град од „Златниот прстен“.
Јарослављ
Legion MediaПретпоследното место го зазеде Кострома, кој се одликува со развој на трговијата и дизајнот, како и со зачувувањето на неговото несекојдневно наследство. На последното место се најде Иркутск, кој започна со целосна ревитализација на своето историско јадро.
Кострома
Legion MediaПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче