Зошто Бурјатите скокаат држејќи се за раце и пеат „јохор“?

Патувања
АНА СОРОКИНА
Можете ли да замислите како стотици луѓе прават круг околу оган, се фаќаат за раце и почнуваат да се движат во круг потскокнувајќи, понекогаш забрзувајќи, понекогаш забавувајќи го ритамот и пеејќи „Јохор, јохор“?

Станува збор за древен кружен танц кој има ритуално значење. Поврзан е со кружното движење на Сонцето околу Земјата.

Во старо време таквите ора биле дел од шаманските обреди.

Вистина, постои приказна дека номадските народи на тој начин со помош на јохорот можеле да ловат диви ѕверки, затворајќи ги во круг.

Јохорот се дели на три фази, прво оди бавно движење со пеење песни, потоа кругот се спојува поцврсто, а потоа почнува скокање, потскокнување, па дури и трчање.

Секој округ во Бурјатија има различни чекори во јохорот. Денес најчесто се разликуваат осум главни видови на танцот (баргузински, окински и така натаму).

Се верува дека колку повеќе луѓе учествуваат во играта, годината ќе биде поуспешна.