- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Замислете само: на брегот на замрзната река, додека во позадина се издигаат високи станбени згради и протегаат цевки за централно греење, се сместиле десетина чами (традиционални номадски шатори) небаре тоа е нешто сосем вообичаено.
Павел Кузмичов
А на реката, во самиот центар на градот, има обележана патека за трка. По неа, преку замрзнатата река, со брзина од над 40 километри на час истовремено итаат 45 запреги со ирваси. Трасата е долга само 2,5 километри, но кривулеста како змија и поради сложените кривини, запрегата е многу тешка за управување. Страстите се зовриени како на некоја трка во „Формула 1“. Околу патеката се стискаат толпи посетители кои гласно навиваат, при што секој има свој фаворит.
Павел Кузмичов
Павел Кузмичов
Најбрзиот ирвас во запрегата
Ваквите собири во Салехард, главниот град на Јамало-Ненецкиот автономен округ, како и во другите градови на Крајниот Север, се одржуваат секоја година во времето кога стадата ирваси преминуваат од зимски на летни пасишта. Жителите на тундрата и северната тајга доаѓаат во градовите и населбите за да на достоинствен начин го прослават својот професионален Ден на терачот на ирваси.
Павел Кузмичов
Празникот е основан во СССР уште во педесеттите години на минатиот век. Прво, се сметаше дека секоја професија во земјата на Советите е вредна за почит и достојна за сопствен празник, а второ, на тој начин властите сакаа стариот пагански „култ на ирвасот“, кој го почитуваа номадските народи на Сибир, да го префрлат на советски колосек. Меѓутоа, разликата е во тоа што овој празник порано се празнуваше поскромно од денес. Терачите на ирваси се собираа на свечености на кои држеа говори, ги наградуваа најдобрите, а потоа одржуваа концерти и натпревари.
Павел Кузмичов
Во новата Русија, празникот постепено добиваше поинаков карактер. Се претвори во живописен фестивал кој собира илјадници посетители. Имено, тоа е ретка пригода за обичните луѓе навистина да учествуваат во животот на номадите, да ѕирнат во нивните шатори и да се повозат со нивните запреги со ирваси, без да мора да одат во дивината на тундрата, туку сето тоа да го доживеат во самиот град! Оваа година прославата само во Салехард собра над 50000 луѓе.
Павел Кузмичов
Една од главните атракции на празникот се секако трките со запреги.
Денес меѓу „кајурите“ (возачи на запреги) се среќаваат и мажи и жени.
Павел Кузмичов
Во секоја запрега по пет ирваси, од кои еден е водачот.
Годинашниот победник освои моторна санка, неопходна машина на Јамалскиот полуостров! Така што натпреварувачите имаат за што да се потрудат. Затоа секоја година во трката учествуваат сè поголем број запреги.
Павел Кузмичов
Запознавање на номадската култура
Но, освен на трки, терачите на ирваси учествуваат и во други традиционални натпреварувања. На пример, во борење „куреш“, каде што целта е да се собори противникот на земја.
Павел Кузмичов
Овој пат, над 50 спортисти се натпреваруваа и во северен повеќебој, кој вклучува влечење стап, ставање јамка на стап и прескокнување на санка.
Павел Кузмичов
Највештите дами на сцената ги покажуваат своите народни носии. Северната облека е неверојатно живописна и топла. Се шие рачно од кожа од ирваси и крзно и се украсува со орнаменти со северна тематика.
Павел Кузмичов
На самото место на отворен оган се подготвуваат јамалските јадења: уха (рибја чорба), строганина (тенко исечено замрзнато месо од риба или месо од ирвас), штука, шурпа (супа од месо и зеленчук). Годинава во подготовката на шурпа дури беше поставен рекорд со 202 литри од оваа вкусна чорба!
Павел Кузмичов
Павел Кузмичов
Павел Кузмичов
Се разбира, секој гостин на прославата може да наврати во чум и лично да поразговара со неговите домаќини. Марјам, домаќинка на една таква номадска куќа што ја посетивме, ни раскажа дека жените во Јамало-Ненецкиот округ кои ќе родат трето дете добиваат таканаречен „чумски капитал“, што претставува комплет за правење чум. Вклучува печка, долги стапови за правење шатор, штици за под, кожи од ирваси, церада и санка за транспорт на сето тоа.
Павел Кузмичов
Што слават денес терачите на ирваси?
За жителите на Крајниот Север, каде што поголемиот дел од годината владее зима, ирвасите не се само прашање на традиција, туку и извор на живот. Ирвасите се храна, материјал за изградба на номадска куќа и изработка на облека, и превозно средство (бидејќи во тундрата нема ни железници ни бензински пумпи).
Павел Кузмичов
Јамало-Ненецкиот автономен округ е најважниот „регион на ирваси“ во Русија. Тука има повеќе ирваси отколку луѓе: 760 илјади ирваси на 510 илјади жители. Додека во Русија живеат 1,6 милиони ирваси, 60% од сите ирваси на светот.
Павел Кузмичов
Ирвасите постојано мигрираат во потрага по најдобрата храна и луѓето кои ги одгледуваат мора да се движат заедно со нив. Во Јамало-Ненецкиот автономен округ околу 10.000 луѓе живеат номадски начин на живот. Тоа се претежно Ненци, Ханти, Селкупи и Коми.