- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Валерий Шарифулин / TASS
„Лавина од студ“ – така синоптичарите го нарекуваат ненадејното заладување кое последниве денови се случи во многу руски региони. Замислете си само: на новогодишната ноќ во Москва беше +5°C (просечната јануарска температура во Москва во јануари би требало да биде околу -10°C, потоа се спушти на околу нулата, а веќе на 6 јануари температурата нагло падна на - 22°C!
Артур Новосильцев/АГН Москва
Метеоролошките експерти велат дека причина за ваквите мразови е супер студениот воздух од арктичките мориња. Меѓутоа, ова е далеку од он што се смета за сурова зима: најстудениот јануари забележан во Москва бил во 1940 година, кога температурата паднала на -42°C.
Владимир Гердо / TASS
Како резултат на толку наглото заладување, мештаните забележаа уникатни природни феномени за Москва - соларен ореол и светлосни столбови.
Илья Наймушин / Sputnik
Во сибирскиот град Краснојарск деновиве е релативно „топло“ - само -20°C!
Илья Наймушин / Sputnik
Во централна Русија е многу постудено: во Ивановската, Владимирската и Тверската област беше до -28°C, додека во Костромската област температурата падна под -30°C.
Владимир Смирнов / TASS
Според синоптичарите, до крајот на неделата температурата во повеќето региони ќе се нормализира.
Владимир Смирнов / TASS
Колку поисточно, толку постудено.
Александр Рюмин / TASS
Нижни Новгород и Киров сега се соочуваат со мразови од -36°C и се очекува да потраат прилично долго.
Павел Львов / Sputnik
На Урал е малку потопло на -34°C.
Максим Богодвид / Sputnik
Јакутија, уште еднаш, ја одбрани титулата најстуден регион на Русија. Јакутск, главниот град на републиката, е соочен со студ од минус 50 степени. Во Ојмјакон, „полот на студот“, температурата е -52°C.
Семен Сивцев/@sivtsevsema958
Ваквите мразови, иако екстремни, не се ништо необично за многу региони на Русија, така што нема посебни комунални или сообраќајни проблеми.
Интересни факти:
На југот на Русија зимата изгледа сосем поинаку. Во Сочи и Анапа е топли +10 до 15°C. Меѓутоа, мештаните и понатаму мислат дека е студено и едвај ја чекаат пролетта!
Виталий Тимкив / Sputnik