- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Новосибирск (1,6 милиони жители)

Legion Media
Новосибирск е трет по големина град во Русија, по Москва и Санкт Петербург. Го нарекуваат „престолнината на Сибир“, бидејќи во градот се наоѓаат многу водечки корпорации. Покрај тоа, Новосибирск има и своја „Силиконска долина“, наречена Академгородок. Локалните научници работат во различни области, од проучување на својствата на металите до припитомување лисици.
2. Омск (1,12 милиони)

Legion Media
Локалните жители се шегуваат (или не) дека никој никогаш не успеал да го напушти Омск. Како можете да го оставите кога ја има НАЈКРАТКАТА метро-линија во светот - со само една станица? Всушност, жителите веќе го претворија тоа во мем.
Па, сериозно, Омск е еден од најголемите градови во Русија во однос на бројот на жители, а уште во советско време беше наречен „град на науката“ и „град на младоста“. Денес, Омск сè уште е дом на најголемите институти и петрохемиски постројки во Сибир.
3. Краснојарск (1,1 милиони)
Legion Media
Основан во 1628 година за време на златната треска, денес е најисточниот руски милионски град. Населението расте од година во година, а градот е дом на фабрики за метал, машинско инженерство и постројки на вселенската индустрија.
Краснојарск е исто така неверојатно сликовит! Го има најдобриот поглед на големата река Енисеј, шеталиштата долж источните Сајански планини кои започнуваат во градот и островскиот парк со северната плажа.
4. Тјумен (847 488)
Legion Media
Тјумен е првиот руски град основан во Сибир (во 1586 година). Во последниве години Тјумен постојано е рангиран меѓу најдобрите руски градови за живеење (од 2015 до 2018 година беше на прво место!). Тоа не треба да изненадува: во секторот за нафта и гас има многу работа (Тјуменската област е лидер во производството на гас и нафта во Русија). Исто така, постојат водечки научни и образовни институции со голем број странски студенти, а развиени се и туризмот и рекреацијата на локалните топли извори.
Доколку се најдете во Тјумен, не пропуштајте ја можноста да го посетите соседниот град Тоболск, кој беше главен град на Сибир до XIX век.
5. Барнаул (630 877)
Legion Media
Барнаул е главен град на Алтајската територија, која е позната по своите величествени планини. Градот е основан во 1730-тите за работниците на локалната топилница на сребро и постепено почнал да расте. Фабриката била затворена во 1893 година, но тука веќе цветале други индустрии, од производство на тули до производство на пиво. Денес градот е повеќе од индустриски центар во Сибир; исто така го промовира туризмот и служи како појдовна точка за патувања во Алтајскиот регион.
6. Иркутск (617 515)
Andrey Sharonov / Getty Images
Основан во 1661 година, овој град исто така се вбројува меѓу најстарите градови во Сибир и се наоѓа во близина на најголемото езеро во светот - Бајкалското езеро. Историскиот центар на Иркутск е исто така одлично место за посета, на пример, преполн е со импресивни камени куќи првично изградени од богати трговци. Надвор од градот се наоѓа музејот на дрвена архитектура Таљци, кој изгледа како вистинска сибирска тврдина.
7. Томск (568 508)
Legion Media
Основан во 1604 година, Томск долго време бил главен јазол на транзитот и трговијата во Сибир. Привлекувал трговци, архитекти, научници и лекари. Градот е добро сочуван со стари дрвени куќи. Денес, главни индустрии во Томск се преработката на нафта и машинството.
8. Кемерово (552 546)
Legion Media
Кемерово е главен град на рускиот рударски сектор, центар на индустријата за јаглен и хемиско производство. Многу од градските знаменитости се поврзани со тешката работа на рударите: тоа се споменици, имињата на окрузите и музеите.
9. Новокузнецк (544 583)
Legion Media
Сместен во Кемеровската област, Новокузнецк е исто така водечки рударски и металуршки град во Русија. Во 1930-тите, кога Советскиот Сојуз почна да ја индустријализира земјата, Новокузнецк стана еден од првите експериментални социјалистички градови во земјата - „идеален“ град за работниците.
10. Улан-Уде (437 565)
Legion Media
Улан-Уде е главен град на Бурјатија, будистичката област во Русија. Интересно е што Улан-Уде привлекува туристи не само со својата традиционална култура, туку и со начинот на кој хармонично се вклопува со советското наследство на градот. Дали знаевте дека градот има огромен споменик во вид на главата на Ленин? Еве што има да каже патник од Велика Британија.