- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Остров-вулкан
Legion Media
Две третини на островот Онекотан во Курилскиот архипелаг се вулкани. Два од нив, Креницин и Немо, се активни. Вистина, последните ерупции се случија во средината на XX век. Додека еден од нив наречен Тао-Русир се смета за изгаснат. Во подножјето на вулканите обраснати со шуми има езера. Прстенестото езеро околу вулканот Креницин е едно од најдлабоките во Русија. Неговата максимална длабочина е 369 метри, иако обемот му е само 15 километри. Поради таквиот комплексен релјеф, прошетката до вулканот на островот Онекотан е отежната. Островот е одамна ненаселен, меѓтуоа тука има остатоци од стари населби на народот Ајни, кој живеел тука до крајот на XIX век.
2. Остров на бели карпи
Legion Media
Друг необичен остров од Курилската низа е Итуруп, најголемиот во архипелагот. На северот на овој остров се наоѓа едноставно неверојатна природна креација - Белите карпи. Тие не се направени од вистински камен, туку од порозна пемза и вулканско стакло. Затоа буквално се распаѓаат во вашите раце. Во старо време овој дел на Итуруп бил потопен, но по ерупција на вулканот и земјотрес, над водата се издигнале карпи - од 40 до 120 метри во височина.
3. Остров со тркалезни камења
Legion Media
Ова е едно од местата на планетата најдалеку од цивилизацијата, каде што луѓето доаѓаат крајно ретко. Островот Чамп се наоѓа во состав на архипелагот Франц Јозеф во Северниот леден океан. Тука практично нема ни флора ни фауна, но по целиот остров се расфрлани тркалезни камења со различна големина, од неколку милиметри до неколку метри. И понатаму не се знае кој и кога ги направил овие необични камења.
Детали за островот Чамп прочитајте овде.
4. Остров на камени лавиринти
Andrew Shiva (CC BY-SA 4.0)
Големиот зајачки остров е една од главните знаменитости на Соловецкиот архипелагот во Белото море. Тука има 14 камени лавиринти направени од древните жители на овие краишта. До денес, најдеталниот научен опис на лавиринтите го направил етнографот Николај Виноградов во 1927 година, кој, сепак, не можел дефинитивно да открие за што биле наменети. Можно е тие да имале ритуално значење, а можеби и чисто практична намена при риболов.
Подетално за лавиринтите на рускиот север.
5. Остров-градина
Skif-Kerch (CC BY-SA 4.0)
Дали знаете дека Санкт Петербург лежи на 33 острови кои се поврзани со мостови и патишта? Еден од најубавите паркови во градот - Летната градина - е исто така остров со истото име. Тоа е и првиот уреден парк во Петербург, создаден во 1704 година по наредба на Петар I. За проектирање на паркот тој ги ангажирал најдобрите архитекти во тоа време. Има раскошни фонтани, елегантни класични скулптури. Покрај тоа, овој остров-градина е дел од Рускиот музеј.
6. Остров-тврдина
Legion Media
Друг неверојатен остров на Петербург е Котлин, на кој се наоѓа градот-тврдина Кронштат. Во градот може да се видат неверојатни хидротехнички објекти: автоматски инструмент за мерење на нивото на морето, џиновски докови, систем на одбранбени утврдувања и светилници. Кронштатскиот пловен пат дури е вклучен во листата на светско културно наследство на УНЕСКО!
7. Напуштен остров со бели мечки
Юрий Смитюк / TASS
Луѓето го напуштија островот Коључин во Чукотското море пред 30 години. Денес, на овој студен остров има само една напуштена советска метеоролошка станица која ја засакаа белите мечки.
Тие со интерес ги гледаат дрвените предмети, ѕиркаат низ прозорците и си играат таму каде што некогаш живееја луѓето.
8. Остров со џиновски растенија
Legion Media
Најголемиот остров во Русија, Сахалин, има прекрасна природа. Иако на него може да се сретнат над илјада најразлични видови растенија, најголемо внимание веројатно привлекуваат обичниот трн и другите треви. Станува збор за тоа дека на Сахалин достигнуваат висина од 2-3 метри! „Ако во ридовите ве фати дожд, само наберете еден трн и скријте се под него!“ - се шегуваат (или не) мештаните.
Зошто е така? Дознајте во нашиот текст.
9. Остров на потопени планини
Асафовите острови се популарно место за одмор на реката Волга во Ивановската област. Денес тука има само песочни дини и борови шуми, но така не било отсекогаш. Пред создавањето на Горковското вештачко езеро во 50-тите години на минатиот век тука имаше манастир, стара пилана и неколку станбени згради. Сето ова отиде на дното на вештачкото езеро, а сегашните острови некогаш беа врвови на Асафовите планини.
Повеќе за потопените градови дознајте овде.
10. Остров-фабрика
Во Каспиското Езеро, недалеку од градот Каспијск, се наоѓа островскиот капацитет на фабриката на производство на машини „Дагдизел“, изградена во 1930-тите за испитувања. Овој објект располага со лифт, станбен комплекс и другата потребна инфраструктура. Но, веќе во средината на 1960-тите работниците го напуштија овој вештачки остров.