ФОТОГРАФИИ: Овие карпи на Крим личат на сирење!

Патувања
RUSSIA BEYOND
Ви даваме идеја за уште едно место во Русија каде што треба да си направите селфи по карантинот.

Какви сé чудесии има во Русија - и огромни мочуришта со големина на европска земја, и виолетови ливади во Сибир кои потсетуваат на  Прованса, па дури и розови езера. А на Крим има дури и карпи од „сирење“.

Карпестиот брег на Тузлух во селото Малореченско, во близина на градот Алушта, народот популарно го вика „сиренести карпи“ поради неговите чудни форми.

Всушност брегот е формиран од кварцни песочници.

Под дејството на водата и ветрот на површината се формирале мноштво кратери и дупки.

Во комбинација со жолтата боја на самиот песочник, сето ова многу потсетува на сирење.

Сега е место за привлекување туристи и инстаграм-блогери.

Прочитајте повеќе: Розовото езеро на Крим ги збудале инстаграмерите (ФОТО)