Зарем на големи жештини многумина не би посакале да се испружат на мраз? Во Јакутија постои вистинското место за тоа: ледникот Булуус 100 километри од Јакутск, главниот град на републиката.
Булуус во превод од јакутски значи „ледник“. Ова е многу посебно место, затоа што тука се наоѓа извор на подземни води на кој се формира слоевита ледена маса на слатка вода. Затоа не се топи дури ни лете.
„Колку е само убаво на жега неколку секунди да седнете на мраз!“, пишуваат туристите на социјалните мрежи.
Лете на ова место човек може да ужива во бајковитиот пејзаж. Замислете си само: +30°C (во Јакутија летото е обично топло, макар кратко), зелена трева, густа борова шума и бел ледник.
Кога времето е топло, горните слоеви на Булуус се топат и тогаш по целиот ледник се формираат извиткани тунели.
Секој ден тука доаѓаат голем број туристи. Зиме се санкаат, а лете прават скара.
Освен тоа, Балуус е просто идеално место за фотографирање.
Некои посетители прават толку „жешки“ фотографии што е вистинско чудо што ледникот сѐ уште не се стопил!
Но жителите на Јакутск не се плашат од студот: во нивните краишта зиме температурата се спушта и до -70°C. На шега дури велат дека зиме е потопло да се седи во фрижидер отколку да се шета по улица.
Дури ни во најжешките денови температурата на мразот не надминува +6°C.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче