Розовото езеро на Крим ги збудале инстаграмерите (ФОТО)

Nadejda Photographer
Кој не би бил среќен да се фотографира и да се нурне во лековитата солена вода на ова езеро? Дури и ако го нарекуваат Смрдлива кал.

Благодарение на „Инстаграм“ ова лето дознавме дека Русија има неверојатни локации: свои Малдиви, розово сибирско езеро посолено од Мртвото море, ледена летна плажа во Јакутија, па дури и своја Прованса.

Сега „Инстаграм“ активно се полни со фотографии од бреговите на уште едно розово езеро.

Сасик Сиваш е најголемото кримско езеро. Се наоѓа на западниот дел на полуостровот. Од Црното Море го дели тесна линија копно по кое поминува автопатот Симферопол-Евпаторија.

Езерото е солено и има необична боја благодарение на бета-каротинот, црвено-портокаловиот пигмент на микроскопските алги. Сасик Сиваш може да биде со светлорозова или изразено црвена боја.

Ретката розова сол на езерото е богата со минерали и е лековита. Уште старите Грци знаеле за тоа.

Под кристалите сол се крие лековита кал. Преведено од јазикот на кримските Татари, Сасик Сиваш значи смрдлива кал.

Во текот на летото нивото на водата нагло опаѓа, па се чини дека езерото ќе пресуши. Но, дури и тогаш може да се најде место за пливање во многу топлата вода.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња