Експерти: Кои руски градови им личат на туристите на Европа?

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Половина од туристите сметаат дека од сите руски градови Санкт Петербург најмногу личи на европски град.

Експертите на туристичкиот портал Aviasales анкетираа 120000 корисници и дознаа кои руски градови најмногу ги потсетуваат на Европа. Најпрвин беа испитани корисниците на социјалните мрежи, потоа беше направен список со најчестите одговори, и на крај ранг-листа.

Во анкетата 50% од испитаниците гласаа за „северната престолнина“ на Русија, т.е. за Санкт Петербург.

Според интернет-корисниците, „петербуршката архитектурата се издвојува од останатите места во Русија“. Туристите велат дека овој град особено наликувал на Европа минатата година за време на Светското првенство во фудбал. „Во центарот на градот имавме чувство дека сме некаде во странство“.

Повеќе од третина испитаници (34%) се чувствуваат „како во Европа“ кога се во Калининград. Таму е зачувана пруската архитектура. Љубителите на патувањата истакнуваат дека граѓаните на Калининград и по менталитетот се разликуваат од жителите на другите руски градови.

Десет проценти од граѓаните на Русија сметаат дека Казањ исто така личи на Европа. Тоа е уреден и убав град со модерни кејови и средновековни зданија, добри патишта и развиена инфраструктура. На територијата на казанскиот кремљ (градската тврдина) има православни храмови, џамија и една од највисоките криви кули во Европа.

Останатите шест проценти гласаа за Јошкар Ола, главниот град на руската република Мариј Ел. Според една туристка, „кејот во центарот на градот изгледа како куќичка од медени колачиња и по нешто потсетува на Амстердам“.