Зад поларниот круг летниот ден нема крај, а некои руски градови се наоѓаат толку блиску до него што во нив за време околу летната рамноденица можете да го доживеете природниот феномен на „белите ноќи”. Сонцето тука заоѓа само на неколку часа, а всушност цела ноќ не паѓа мрак.
Санкт Петербург е познат по тоа што пружа уникатно доживување на оваа природна појава. Туристи од Русија и целиот свет во ова време од годината навалуваат во градот на Нева за да уживаат во ноќните возења со чамец по каналите и прошетките по неговите преубави улици.
Но, бидете внимателни! Атмосферата во градот станува толку романтична што лесно може да ви се случи да се вљубите во апсолутно непозната личност... како што му се случи на јунакот од новелата на Достоевски „Бели ноќи“, кој поверува дека ја сретнал љубовта на својот живот. Меѓутоа... Сепак, подобро прочитајте самите!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче