Магла и меланхолија: 12 фотографии од нестварно убавиот Санкт Петербург

Viktor Balaguer
Руската северна престолнина низ објективот на францускиот фотограф Виктор Балагер.

1. „Се занимавам со улична фотографија. Го земам својот фотоапарат и шетам по улиците на Санкт Петербург“.

2. Архитектот Виктор Балагер (31) живее и работи во вториот по големина град во Русија, а урбаната фотографија е неговата страст. 

3. „Првпат дојдов во Санкт Петербург 2011 година. Оттогаш трае мојата романтична врска со овој град“.

4. „Отворив „Инстаграм“ профил viktor_balaguerзатоа што ја сакам фотографијата и сакав да покажам како го гледам овој град. Странците и мештаните можат различно да го доживуваат“.

5. Судејќи според работите на Виктор во северната руска престолнина никогаш не доаѓа ни лето ни пролет. „Мојата омилена годишна доба е зимата. Ја сакам тукашната атмосфера кога градот и каналите се замрзнати. За мене тоа е преубаво. Тоа го нема во Париз“.

6. „Овој град е многу меланхоличен. Што не значи дека мештаните се тажни луѓе или постојано им е здодевно. Кога ќе видам постар човек како шета сам покрај канал или Нева... тоа е чиста поезија“.

7. Балагер би сакал да ги илустрира „Белие ноќи“ на Достоевски и да ја нагласи посебната атмосфера на Санкт Петербург. 

8. Таа приказна за осамен маж кој се вљубува во млада жена многу му одговара на овој град, вели фотографот. 

9. Сите негови фотографии се случајни. Виктор едноставно оди по улиците и чкрапа штом нешто ќе му се допадне. 

10. Препознатливи се и неговите слики од стари автомобили. Виктор всушност не вози и не влегува во ниту еден од нив. Тој само го доближува објективот до стаклото од надворешната страна.

11. „Би сакал да имам своја изложба фотографии“, признава Французинот. 

12. „Сакам да го споделам своето видување на градот со мештаните. Многу ми значи кога ќе слушнам од жителите нa Петербург дека им се допаѓаат моите фотографии“.

Погледнете го видеото: Неверојатниот зимски Санкт Петербург

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња