10 неверојатни градби во внатрешноста на Русија (ФОТОГРАФИИ)

Патувања
АЛЕКСАНДРА ГУЗЕВА
Ентузијастите бараат напуштени стари цркви и згради во далечните предели на Русија и објавуваат фотографии на „Фејсбук“ во обид да ги промовираат овие места кои се далеку од поголемите градови.

Има стотици добри примери на архитектура во руските региони, непознати дури и за жителите на околните градови.

Геологот Михаил Иљин често патува во различни делови на земјата и е загрижен поради фактот што Русите често патуваат во странство, додека културниот туризам речиси и не постои во нивната сопствена земја.

„Москва, Санкт Петербург, Златниот прстен, Бајкалското Езеро, поединечни големи градови, крстарењата по Волга и Волга-Балтикот и неколку широко промовирани провинциски имоти во близина на главните градови –  на тоа во најголема мера се сведува стандардната производна линија на руските тур-оператори“, вели тој.

Се разбира, лошите патишта и недостатокот на инфраструктура ги обесхрабруваат луѓето да патуваат во внатрешноста на Русија. Но, главната пречка е што луѓето едноставно не знаат за овие места.

Проблемот е што зачувувањето на старите згради е директно зависно од туризмот. „Ако историските згради не се третираат со почит тогаш нема да има туризам и обратно“.

Така, во 2015 година, Илин и голем број слични ентузијасти го осмислија проектот „Непознати провинции“. Почнаа да организираат мали туристички експедиции до извонредни, но неправедно запоставени локации.

„Тешко е да им се покаже Русија на туристите, но тоа може и мора да се направи. И тоа е, исто така, големо задоволство, и покрај сите тешкотии ", вели Илин.

„Непознати провинции“ истражува и објавува фасцинантни и прекрасни локации во далечните делови на Русија, од Калининград до Чукотка.

Плановите за 2019 година вклучуваат 26 експедиции, како што се: Двата главни града на Западен Сибир (Томск и Новосибирск); цркви и имоти во Курската и Брјанската област; Бели ноќи на Белото Море; и Долна Волга и нејзиното староверско минато.

Секое патување резултира со извонредни фотогалерии кои се објавуваат на фејсбук-профилот на групата „Непознати провинции“. Самите туристи често објавуваат десетици фотографии откако ќе се вратат воодушевени од нивните средби со минатото.

Покрај тоа, групата е секогаш бара волонтери за различни работи поврзани со реставрација на цркви и за помош на реставраторите и археолозите.

Прочитајте повеќе за 17 (од вкупно 28) руски објекти од светското наследство на УНЕСКО