Воронцовскиот дворец во Алупка.
Shutterstock/Legion-MediaВоронцовскиот дворец на подножјето на планината Ај-Петра има преживеано метаморфоза на англискиот архитектонски стил во мавритански, па дури и арапски. Од изградбата на резиденцијата во 1848 година па до револуцијата во 1917 тука живееле три поколенија на дворјанското семејство Воронцови.
Внатрешноста е раскошна – меѓу другото, имено тука, за време на Јалтиската конференција во 1945 година отседнал Винстон Черчил.
Дојдете на ова место во мај-јуни за да прошетате во паркот во стилот на италијанската ренесанса и да се изгубите во убавината на расцутените рододендрони.
Lori/Legion-Media
Вујкото на последниот руски император Николај Втори, Пјотр Николаевич толку бил восхитен од архитектурата на Блискиот Исток и на Магреб, што по враќањето од своето патување наредил да се изгради дворец според своите нацрти. Денес „Дилбер“ е елитно лекувалиште на Јалта.
Разгледувањето на сказните од Истокот е достапно за туристите: од кејот на Јалта до лекувалиштето оди автобус, а во дворецот може да се мине на екскурзија.
Lori/Legion-Media
Масандровскиот дворец кој потсетува на сценографија од приказната за Пепелашка е вистинска палета на епохи и стилови: уметници од различни времиња и националности ја вршеле изградбата, но не успевале да ги реализираат своите проекти.
Првите луѓе на државата си го бендисувале за себе овој замок: царот Александар Трети сакал да направи од дворецот ловечки дом, а советскиот лидер Јосиф Сталин го претворил овој споменик на архитектурата во државна дача.
Дворецот се наоѓа на 5 километри од Јалта, станица „Верхњаја Масандра“. До него може да се дојде со комбе или со тролејбус.
mirkrasiv.ru
Основното училиште во Јошкар-Ола стана замок од скаските со помош на бизнисменот Сергеј Мамаев. Сергеј сакал да ја исполни животната желба на својата жена, а тоа е да работи како учителка во училиште во кое децата би оделе со задоволство. Се чини дека неговото волшепство успеало.
Од 1998 до 2001 година градежниците го изградиле замокот за малите принцови и принцези, во кој има базен, теретана, па дури и сопствен хиподром – сè според најдобрите традиции на рицарството.
Lori/Legion-Media
Овој замок кој се наоѓа на 50 километри од Рјазањ е творба на рускиот архитект Фјодор Шехтељ. Токму оваа градба од скаските го направила познат младиот архитект, а сопственикот, рускиот гроф фон Дервиз, се изнадавал пари во првата деценија од минатиот век.
Во „Кирицкиот замок“, кој е познат и како резиденција на фон Дервизов, се наоѓа лекувалиште за деца заболени од коскена туберкулоза. Од неодамна влезот во него е забранет, затоа бидете подготвени на него да гледате од растојание.
Lori/Legion-Media
На брегот на Жигуљовското море во селото Хрјашчовка во Самарската Област се возвишува замокот „Гарибалди“ – идниот туристички комплекс. Сместувањето во кралските одаи ќе биде можно веќе во 2018 година, а засега во ентериерот на хотелот се прават последните штрихови. Дојдете тука за фотосесија во средновековен стил.
Доколку сакате активен одмор, тогаш послушајте ги советите на локалните сурфери – да станете пријатели со ветрот ќе ви помогне школата за виндсурфинг „Сила на ветрот“, а станицата „Пјаниј мис“ ќе ви ја обезбеди потребната опрема.
Lori/Legion-Media
Намената на овој замок во долината на реката Јауза воопшто не е како од сказните: во триесеттите години од минатиот век тука се наоѓала фабрика која произведувала електрични ламби, а денес во него се наоѓаат канцеларии, кафулиња, фотографски студија и мало производство. Низ индустриските ходници на овој замок во стилот на индустриска готика може да се повозите на велосипед.
Дури и поедноставениот проект на изградба на високите кули или декоративните прозорци во облик на роза, кои биле во првичната замисла на архитектот Геориј Евланов, се изделуваат од останатите познати проекти на готската Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче