Компанијата „Лестница“ позната е по своите уникатни панорамски снимки со „закривен“ хоризонт. / Паркиралиште, Владимир.
Lestni.caКомпанијата направи четири снимки на Владимир (град оддалечен околу 185 километри од Москва), како и три прикази на Санкт Петербург. / Поглед на Владимир.
Lestni.caПостпродукцијата на фотографиите изискува време, а со самото тоа и истрајност. „Сакаме да направиме снимки и од други руски градови зашто и во нив има многу интересни нешта“, вели Артјом Прудентов од компанијата „Лестница“. Дворскиот плоштад, Санкт Петербург.
Lestni.caВаквите прикази е мошне тешко да се направат. Отфрлени се 1.000 фотографии, додека не е направена совршената снимка. / Успенската соборна црква, Владимир.
Lestni.caРаботата на една снимка трае околу 12 часа, а се користи хеликоптер кој лета по специфичен пат за да се добие сферичен приказ. / Златната капија, Владимир.
Lestni.caНаправена е посебна програма во која е вклучена математичка формула за пресметување на траекторијата на хеликоптерот. Храмот св. Исаија (Исајевски собор), Санкт Петербург.
Lestni.caПрограмата сама врши корекции доколку хеликоптерот премногу се приближи на објектот, ако лета превисоко или ако се промени аголот на снимање. / Казањскиот храм, Санкт Петербург.
Lestni.caПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче