Москва го зазеде шестото место на ранг-листата на градови со најдобри услови за живот. Листата ја состави меѓународната компанија за консалтинг Resonance.
При составувањњето на ранг-листата стручњаците анализираа неколку параметри: развојот на инфраструктурата, нивото на туризам, достапноста на станбен простор, можноста за вработување, состојбата на животната средина и други фактори. Првото место го зазеде Лондон. Експертите, меѓу другото, ја истакнаа туристичката привлечност на овој град.
Меѓу првите пет се најдоа и Париз, Њујорк, Токио и Барселона.
Москва се најде на ранг-листата пред Чикаго, Сингапур, Дубаи и Сан Франциско. Аналитичарите високо го оценија квалитетот на одржувањето на Светското првенство во фудбал, како и паркот „Зарјадје”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче