1. Дизајнот на зградата на аеродромот во уралскиот град Перм (околу 1500 километри од Москва) го осмислија стручњаци од Лондон и Москва. Велат дека терминалот „Бољшое Савино“ треба да потсетува на крило што лета. Овој терминал е отворен минатата година. Во изградбата на аеродромот се вложени преку 80 милиони американски долари приватни инвестиции.
2. Футуристичкиот облик на аеродромот во Ростов на Дон, на југот на Русија, го конструираа четири проектни компании, а една од нив е британската „The Twelve Architects“. Покривот има облик на моќен бран. Аеродромот може да прими 5 милиони патници годишно. Ростов на Дон е еден од 11 градови-домаќини на Мундијалот 2018.
3. Екатеринбург (1800 км од Москва) е исто така град во кој оваа година ќе се одржат натпревари на Светското фудбалско првенство. Модернизацијата на аеродромот „Кољцово“ почна пред 10 години. Сега тоа е еден од најголемите регионални аеродроми во Русија. World Routes Awards review во 2013 година го вброја меѓу петте најдобри аеродроми на светот.
4. Новиот терминал во Самара (домаќин на Светското првенство, 1000 км од Москва), исто така има футуристички дизајн. Направен е за година и половина и отворен 2015 година. „Воздушестиот“ облик е заснован на три динамични конуси и „пловечки“ метални ѕидови. Дише со воздухопловна енергија“, пишува британското студио за дизајн HTAL на својот сајт.
5. Аеродромот „Стригино“ во Нижни Новгород (400 км од Москва, во овој град исто така се одржува Светското првенство во фудбал) го проектираше дизајнерското ателје HTAL. Стаклениот ѕид на терминалот е со брановиден облик. Велат дека капацитетот на аеродромот може да се зголеми за 30% кога ќе почнат да пристигнуваат патници за време на Светското првенство.
6. Во сибирскиот град Краснојарск (4000 км од Москва) новиот терминал е отворен пред само неколку месеци. Локалните власти тврдат дека тоа е сега најголемиот регионален аеродром источно од планината Урал. Модернизацијата чинеше 100 милиони долари, а во финансирањето учествуваа и државата и приватниот бизнис.
7. „Жуковски“ е четвртиот и најмал аеродром во Московската област. Па сепак, може да се пофали со најдолгата писта во Русија и во цела Европа. Пистата е долга 5,5 километри. Отворен е за сообраќај 2016 година.
8. Калининград е најзападниот руски град и руска енклава во Европската Унија. И тој ќе биде домаќин на натпреварите на годинашниов Мундијал. Аеродромот „Храброво“ е реновиран 2013 година. Отворен е во април 2018 година и сега е подготвен да ги пречека фудбалските навивачи и сите останати патници.
9. Аеродромот во Сочи се модернизираше од 2007 до 2013 година. Реновиран е на почетокот на 2014 година, пред Зимските олимписки игри. За време на Олимпијадата примаше 3800 патници на час што беше во согласност со барањата на МОК. Во 2017 година International Airport Review го вброја меѓу 20 најдобри аеродроми на светот.