Отворен нов терминал на московскиот аеродром „Шереметјево”: Погледнете како изгледа

Патувања
RUSSIA BEYOND
Најголемиот руски аеродром стана уште поголем со изградбата на новиот терминал до кој се стигнува со подземната железница во воз со автопилот. Рускиот новинар Илја Шатилин го посети новиот Терминал Б и еве што забележа.

Премин за патниците во транзит. Тие користат посебни скалила и ескалатори.

Влез во „авиометро”. Тоа е класичен „хоризонтален лифт”, но со стаклени врати и ѕидови.

Секој вагон на возот кој го поврзува новиот со старите терминали има осум седишта и 19 места за стоење. Секој воз е сочинет од четири вагони. За следниот воз нема да чекате подолго од четири минути. Исто така ви се потребни четири минути да стигнете до одредиштето.

Следниве ескалатори ве водат до зоната за полетување. Ентериерот потсетува на стилот што владееше во Русија во 20-те години од минатиот век.

Но не секаде. На некои места се враќате во модерната доба, затоа што на сите страни имате различни екрани.

Овој специјален пас помага во откривањето на шверцувана роба. Ова е мелез од севернокавкаски шакал и арктички пес кој чува стада ирваси.

Самопослужувачки места за чекирање каде можете да ја отпечатите вашата бординг карта и да платите за прекумерна тежина на багажот.

Чекалната за бизнис-класата под називот „Рубљов” според познатиот руски средновековен иконописец. Може да се пофали со најдолгиот шанк на светот.

Дизајнот потсетува на купола на црква и на плетена ограда во руско село.

ВИП-чекалната за ѕвезди и политичари има уште полуксузен ентериер и удобни фотелји за одмор.

Ова е транзитот за домашни летови.

Новите ресторани се декорирани на свој начин, но се вклопуваат во целокупниот стил на терминалот.

Погледнете: Крим го отвори најголемиот и најубав аеродром на југот од Русија