Пејзажи
Република Дагестан на Кавкаските планини е најјужната територија на Русија и таму се наоѓа еден од нејзините најстари градови – Дербент (6 век пред нашата ера). Шармантен град со прекрасна атмосфера и неофицијално главен град на Дагестан. Она што мора да го видите во Дербент е најстарата тврдина во Русија, позната под називот Нарин-Кала со најстарата џамија во Русија – Јума. Дербент е музеј под отворено небо. Денес има статус на државен официјален музеј и е објект на светското наследство на УНЕСКО.
Луѓе
Официјален главен град на Дагестан е Махачкала – првиот кавкаски Вавилон. Жителите на Махачкала се делат на повеќе од 100 етнички групи и зборуваат околу 60 јазици. Најбројни се Аварите, а не помалку познати се Лезгините. Нивниот прочуен танц „лезгинка“ денес се асоцира со сите народи од Кавказот.
Дагестанците се претежно муслимани, но на оваа територија христијанството и јудаизмот исто така имаат долга историја.
Детали
Без оглед на тоа што Кавказ е релативно мала територија, неговата кујна е уникатна и стана една од највлијателните во Русија. За неа е карактеристично големото количество зачински билки и пиперки.
Најпознат дагестански специјалитет е хинкали: во тенки парчиња тесто се витка смеса од говедско месо и се вари во јака, мрсна супа. Се зачинува со црн пипер, со сол и со ситно исечкани ливчиња коријандер. Дагестанците велат дека хинкали за нив е она што е пастата за Италија.
Дагестанскиот град Кизљар е инаку татковина на рускиот коњак кој високо го ценал дури и Петар Први.