Од каде во Русија џамија стара 1300 години?

Сулим Кудусов/Wikipedia
Џамијата Јума во Дагестан е стара повеќе од 13 века и претставува едно од најважните места од каде исламот се проширил ширум Русија.

Џамијата Јума во Дербент на југот на Русија е најстарата џамија во земјата, како и на територијата на поранешниот Советски Сојуз.  

Подигната е 734 година, откако Омејадскиот калифат го освоил Дербент, денешен Дагестан. Некои научници мислат дека на истата локација и претходно се наоѓала градба која служела како храм.  

Во 14 век џамијата е сериозно оштетена во земјотрес, но е обновена  во 1368-1369 година.

Џамијата во советскиот период преживеала тешки времиња. Затворена е 1930 година. Во периодот од 1938 до 1943 година е користена како затвор, но во 1943 ѝ е вратена на исламската верска заедница и станала најголемата џамија на Северен Кавказ.

Во внатрешниот двор на џамијата Јума растата стари чинари од 9 век. Според легендата, нив ги посадил познатиот персиски мистик и суфистички светец Џунаид Багдади. Денес тие ја чуваат џамијата од разорните природни сили.

Четирите дрвја, веројатно стари повеќе од 2000 години, ја апсорбираат влагата од земјата. Нивните разгранети корења цврсто ја држат земјата и ја штитат џамијата од последици од земјотрес.

Иако е ова шиитска џамија, во неа исто таа се молат и сунити.

Џамијата Јума е повеќе од џамија. Комплексот исто така опфаќа и исламско верско училиште и куќи за свештениците.

Џамијата Јума е само едно од многуте муслимански светилишта во Русија. Погледнете ги  7 чудесни џамии на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња