Петербуршкото метро на 1 март отвори свој „Инстаграм“ профил за да му ја покаже на светот уникатната атмосфера и уметноста на подземјето. Освен фотографии и видеоснимки, на профилот ќе се објавуваат и приказни на жителите на Санкт Петербург. Во проектот учествуваат познати музичари, актери, писатели, сликари и спортисти. Затоа опуштете се и уживајте во убавината на најдлабоката подземна железница на светот.
Метро на Санкт Петербург
Рускиот балет е моќ, склад, прецизност на движењето, брзина и убавина. Три балерини меѓу мермерните столбови на станицата „Кировски завод“.
Јана Посадска, моден блогер од Санкт Петербург, сака во метрото да го чита Антон Чехов. Во моментов тоа е „Дамата со кученце“.
Метро на Санкт Петербург
Сјајно трио на станицата „Бухарестскаја“. Концертите под земја се чести, а ова е една од најубавите станици на Санкт Петербург. На еден од ѕидовите ќе видите мозаик на птица, симболот на љубовта и топлината.
Метро на Санкт Петербург
„Балтијскаја“ го доби името по блиската железничка станица. Холот на станицата е украсен со портретите на адмиралите Фјодор Ушаков, Михаил Лазарев и Павел Нахимов. Ѕидовите и столбовите се украсени со сив и син мермер кој потсетува на Балтичкото Море.
Метро на Санкт Петербург
Валерија Соколова води блог за патувања и мисли дека Петербуршкото метро е најубавото на светот. Нејзината омилена станица е „Мајаковскаја“.
Метро на Санкт Петербург
Станиците на Петербуршкото метро се вистински ремек-дела на уметноста. Посетете ја станицата „Нарвскаја“ и уверете се со свои очи!
Метро на Санкт Петербург
Еднаш познатиот петербуршки сликар Валериус видел во метрото црвенокоса девојка и се вљубил. Не се запознал, но уметникот ѝ посветил десетици свои дела. Подоцна сепак се сретнале, меѓутоа тоа поминало без романтика. Сепак, останаа прекрасните портрети.
Метро на Санкт Петербург
Танчарската група House of Bonchinche е подготвена за настап на секое место. Инспирацијата им доаѓа и во метрото.
Метро на Санкт Петербург
Солистките на театарот „Михајловски“ на станицата „Авотово“. Декорациите на станицата се посветени на одбраната на Ленинград.
Метро на Санкт Петербург