Пред 62 години: Отворено метрото во Санкт Петербург

Луѓе во метро-станицата „Автово“

Луѓе во метро-станицата „Автово“

Максим Блохин/TASS
Тоа е втората најголема и најстара подземна железница во земјата.

Првата метро-линија во вториот по големина град во Русија е отворена на 15 ноември 1955 година. Изградбата на системот на подземна железница почна во 1940-те, но беше прекината поради Втората светска војна. По една деценија, беше отворена првата подземна рута меѓу „Автово“ и  „Плоштадот на Востанието“.

Денес метрото на Санкт Петербург го поврзува историскиот центар на градот со периферијата. Во моментов има пет линии и 67 станици. Повеќе од 1600 вагони транспортираат 2,3 милиони луѓе дневно. Метрото вработува околу 15000 луѓе.

Подземната железница на Санкт Петербург е најдлабоката на светот според просечната длабочина на сите станици. Најдлабоката станица во системот – „Адмиралтејскаја“ -  86 метри под земја.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња