Мамути повторно на улиците на Сибир

Патувања
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Уметник пресоздава изумрени животни во Јакутск.

Постои еден мит дека мечки шетаат по улиците на руските градови. Па, тоа е, се разбира, не е вистина, но ако одите низ Јакутск во Сибир, може да бидете изненадени кога ако наидете на еден пар волнени мамути. Тоа е дело на уметникот Олег Савинов, кој ја направи три метри високата влакнеста статуа и нејзиното младо од еден и пол метар во најстудениот град во светот.

Уметникот и неговиот син Ајал поминаа две недели надвор на минус 42°C за да создадат статуи направени од компримиран влажен снег.

„Имаше многу искачување нагоре и надолу, при што ветерот и времето не беа премногу од полза“, изјави Ајаал за „Сајбириан Тајмс“. „Но, бевме толку настроени да се осигураме дека скулптурата ќе биде направена пред Нова Година што не престанавме да работиме“.

Мамутите се еден вид бренд на Јакутск, а уметниците се сигурни дека статуите ќе бидат дополнителна атракција за зимскиот град.

Погледнете  што прават во Сибир од снегот.