Туристите на крстосување по реката Москва зимава ќе ги водат мразокршачи

Сергеј Савостјанов/TASS
Во Москва на сила стапува зимската речна навигација.

Зимската навигација на бродовите во Москва почнува од 9 ноември, пишува на интернет-страницата на градоначалникот.

„Во 11 часот бродовите за пловидба по заледената река со зајакнат труп ќе го напуштат пристаништето на хотелот „Украина“ на кејот „Тарас Шевченко“. Благодарение на посебниот дизајн, овие бродови можат да пловат по реката која во моментов е покриена со тенок мраз, а можат дури и да пробијат мраз со дебелина до 20 сантиметри“, се наведува на интернет-страницата.

Кога дебелината на мразот ќе надмине 20 сантиметри, бродовите ќе пловат во придружба на мразокршачи или по претходно пробиен пат. Десет такви патнички бродови ќе пловат по реката Москва од ноември до април.

„Очекуваме до крајот на 2017 нашиот главен град да го посетат 21 милион туристи“, изјави шефот на Московскиот оддел за спорт и туризам Николај Гуљаев. „Пловидбата во текот на целата година по реката Москва е уште една пригода за жителите и туристите да ги видат главните знаменитости на градот од друг агол во кое било време на годината“.

Зиме бродовите ќе тргнуваат од пристаништето кај хотелот „Украина“ и паркот Горки. Во текот на 2,5-часовното возење со бродот патниците ќе можат да ги видат стадионот Лужники, споменикот на Петар Велики, храмот на Св. Василиј Блажени, Кремљ и новиот парк Зарјадје.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња