Во Москва Сити се отвора највисокиот видиковец во Европа

Поглед од птичја перспектива на бизнис-центарот Москва Сити

Поглед од птичја перспектива на бизнис-центарот Москва Сити

Legion Media
На 89 кат од облакодерот „Восток“ на „Кулата Федерација“ до крајот на годината ќе биде отворен највисокиот, но и најнеобичниот видиковец во Европа.

Кулата е висока 374 метри. Видиковецот на 89 кат од 97-катниот облакодер е предвиден со проектот. Видиковецот ќе се вика „Панорама 360“ (Panorama 360) и ќе има десет интерактивни зони и фабрика за производство на сладолед.

„Отворањето се очекува во наредниве два до три месеци, бидејќи зградата е речиси целосно завршена, реализирани се 99,7% од градежните работи. И, се разбира, ќе почне со работа и видиковецот“, изјави генералниот директор на ЗАО „Кула Федерација“ Михаил Смирнов.

Постои голема можност новиот објект да влезе во Гинисовата книга на рекорди и тоа според два критериума – како највисок видиковец во Европа и како највисока фабрика за сладолед на светот.

На видиковецот ќе може да се следат проекции за најзначајните настани од историјата на Москва. Посетителите ќе можат да користат таблети со интерактивен персонален водич и специјална програма за паметни телефони, а ќе ги разонодат и дополнителната панорама на Москва и интересните факти за познатите места во рускиот главен град.

Посетителите ќе имаат на располагање технолошки опремении фото-зони, мултимедијални скенери, забавни програми и супербрзи лифтови. Планирано е „Панорама 360“ да биде место на кое ќе се одржуваат уметнички изложби, предавања, филмски проекции, претстави и концерти.

„Кулата Федерација“ е највисоката станбена зграда во Европа, најголемо здание во „Москва Сити“ (443 илјади метри квадратни). Облакодерот се состои од две кули со различна висина: „Запад“ (243 метри) и „Восток“ (374) споени со шестокатна основа резервирана за дуќани. Кулата „Запад“ е отворена 2008 година, а „Восток“ е доградена минатата година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња