Седум прашања поврзани со руските навивачи

Руски навивачи во Марсеј , Франција, пред натпреварот Русија-Англија

Руски навивачи во Марсеј , Франција, пред натпреварот Русија-Англија

EPA
Руските фудбалски навивачи не се симнуваат од насловните страници на европскиот печат поради настаните на „Евро 2016“. Како тие се најдоа на шампионатот? Дали Путин лично стои зад нив?

1. Кога во Русија се појавија фудбалските хулигани?

Првата здружена група навивачи се има собрано околу московскиот Спартак во 1972 година во времето на СССР.

Во деведесеттите години од минатиот век хулиганите почнаа да се здружуваат во таканаречени фирми, односно во здруженија на најжестоки навивачи кои се подготвени да применат сила, бранејќи ги боите на својот клуб. И тука пионери беа навивачите на Спартак. Тие во 1994 година го основаа кланот „Флинтс Крју“. Истата година поддржувачите на клубот ЦСК ја основаа својата група Red-blue Warriors.

„Овие луѓе во 99% од случаите во опасна ситуација ќе земат учество во некои акции. Тоа е некакво навивачко правило. Тие во секојдневниот живот можат да бидат мирољубиви, можат мирно да работат во канцеларија, но кога ќе започне натпреварот тие 'полудуваат', во позитивна смисла. Целта на хулиганите е или одбрана на боите на својот клуб, или одбрана на интересите на својата нација. На ова треба да се додаде и одбраната на честа, секако. Тоа се страсни луѓе. Доколку започне војна, тие веднаш ќе побрзаат на првата линија на фронтот“, вели основачот на „Руска реч на македонски“ основачот на групата Red-blue Warriors Андреј Малосолов.

Извор: ЕРАИзвор: ЕРА

2. Како руските хулигани стасаа на Евро-2016?

На Евро-2016 заминаа околу 15.000 руски навивачи. Околу 10.000 имаа купено билети преку лотаријата на УЕФА. Една година пред почетокот на шампионатот секој можеше да се пријави за купување билети. Среќните добитници беа „извлечени од барабанот“, но тие подоцна, секако, мораа да ги платат билетите. Со други зборови, случајноста не беше главен критериум.

Освен тоа, 5.000 билети беа поделени преку Серуското здружение на навивачи. Како што објаснува за „Руска реч на македонски“ извор од ова здружение кој сакаше да остане анонимен, 400 од овие билети ги добиле хулиганите.

„Токму овие момчиња се тепаа со Англичаните во Марсеј и го пробија полицискиот кордон на стадионот Велодром. Не може да се каже дека тие беа иницијатори на уличните инциденти, односно тие не се тепаа со секој што ќе наиде, но на сите им предлагаа 'одмерување на силите'. Некои се согласуваа на тоа, но поголемиот дел Англичани 'фаќаа магла' Акциите на хулиганите на стадионот беа одговор на провокации. За време на целиот меч Англичаните ги навредуваа руските навивачи, а тие не можеа да го поднесат тоа“, смета споменатиот извор.

Извор: ЕРАИзвор: ЕРА

3. Вистина ли е дека лично Путин стои зад руските навивачи?

Тоа не се знае. Официјална оценка на однесувањето на навивачите даде портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков. Тој ги осуди акциите на хулиганите и ги повика да ги почитуваат законите на Франција.

4. Зошто УЕФА ја казни само Русија, кога во судирите учествуваа и англиските навивачи?

УЕФА има право да ги разгледува само епизодите што се случуваат на стадионот и не е надлежна за она што се случуваше во Марсеј пред натпреварот. УЕФА условно ја дисквалификува репрезентацијата на Русија токму поради тоа што руските хулигани продреле во делот со англиските навивачи.

5. Зошто тројца руски навивачи се осудени на казна затвор?

Судот на градот Марсеј ги прогласи за виновни руските навивачи за учество во нередите на марсејското пристаниште. Многу светски медиуми соопштија дека не постојат документирани докази за учество на државјани на Русија во тие тепачки. Министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко изјави дека руските правници веќе се занимаваат со случајот на осудените навивачи.

Извор: АРИзвор: АР

6. Дали навивачите правеле нереди во Русија?

Највпечатливиот инцидент во кој учествуваа руските навивачи се случи во јуни 2002 година. Тогаш пијани хулигани, по изгубениот меч со Јапонија во натпреварувањето по групи на светското првенство, превртуваа автомобили, кршеа излози на продавници и предизвикуваа масовни тепачки на улиците на центарот на Москва. Во тие нереди настрадаа 75 лица, од кои 49 беа хоспитализирани, а едно младо момче им подлегна на повредите.

Една од последните дрски акции на хулиганите се случи во Санкт Петербург на натпреварот Зенит – Динамо на 11 мај 2014 година. При крајот на мечот, при резултат од 2:4 во полза на Динамо, една група навивачи го проби полицискиот кордон и истрча на теренот. Еден хулиган притрча на одбранбениот играч на Динамо Владимир Гранат и го удри во лицето, по што тој се здоби со тежок потрес на мозокот.

7. Како Русија се бори против хулиганите?

Во јануари 2014 година на сила стапи таканаречениот „закон за навивачи“, со кој се забранува за време на натпреварите во спортските објекти да се внесуваат алкохол и пиротехнички материјали, да се користат слогани со непристојна содржина и да се истакнуваат навредливи пароли. За кршење на овој закон предвидена е казна до 15.000 рубљи (230 американски долари). Повторувањето на прекршокот подразбира парична казна и 15 дена затвор или 7 години забрана за посета на сите натпревари.

Претходно, во јуни 2016 година, Државната дума на РФ донесе закон за јавна регистрација на навивачите на кои им е забрането да посетуваат спортски натпревари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња