Путин:Не разбирам како 200 руски навивачи претепаа неколку илјади Англичани

Претседателот на Русија Владимир Путин изрази жалење во врска со инцидентите на Европското фудбалско првенство во Франција, истовремено чудејќи се на вестите според кои 200 навивачи од Русија „претепале“ неколку илјади Британци.

„Познато ми е како почна првенството – тепачка на руските навивачи со англиските. Тоа е безобразие, целосно. Јас, вистина, не знам како нашите 200 навивачи претепаа неколку илјади Англичани, не разбирам. Но во секој случај пристапот на органите на редот и мирот треба да биде подеднаков за сите прекршители“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.

„Сега е во тек Европското фудбалско првенство. Според мое мислење, веќе помалку внимание му се посветува на фудбалот отколку на тепачките на навивачите. Тоа е многу тажно и мене му е жал за тоа. Но и овде ние секогаш треба да поаѓаме од некакви општи критериуми. И одговорноста мора да максимално индивидуална. Односот против прекршителите треба да биде подеднаков“, рече Путин.

Тој исто така истакна дека руските власти ќе работат со здруженијата на навивачи со цел да се избегнат разни прекршувања на законот. „Таму има многу разумни луѓе кои го сакаат спортот“, потенцираше рускиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња