Русин патентираше „сајберверзија“ на „Лада“ караван

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Подобар и пофункционален од „Тесла“!?

Порталот Auto.ru пронајде во податоците на Федералната служба за интелектуална сопственост (Роспатент) пријава за регистрација на електричен автомобил кој истовремено наликува и на Tesla Cybertruck и на класичниот модел на „Лада“ караван ВАЗ-2104. Авторот на документот приложил и скици кои го покажуваат можниот изглед на ова превозно средство.

Од ВАЗ, електричниот автомобил го презел типот на каросеријата, обликот и формата на светлата, а од Cybertruck коцкестите контури, браникот со карактеристичен облик и дисковите на тркалата. Интересно е што моделот е регистриран како електричен автомобил, но и покрај тоа, од предната страна се гледа решетка на ладилник, карактеристична за автомобилите со мотор со внатрешно согорување.

Авторот на проектот Иван Сухар смета дека споредбата со „Тесла“ не е оправдана:

„Нашиот автомобил е подобар и пофункционален. Тоа е всушност хибридно возило. Нема да остане без струја на пат, а ќе чини многу поевтино“.

Иван Сухар работи на овој автомобил повеќе од две години, вложувајќи сопствени средства.