Името Rossa е кратенка од „руски спортски автомобили“ („Российские спортивные автомобили“).
Моќната динамика и софистицираниот инженеринг му овозможуваат на суперавтомобилот да достигне брзина и над 380 km/h. Во дизајнот се користени специјални материјали и 100% проверени решенија за тркачки автомобили.
Овој прототип веќе има поминато 9500 километри. Според конструкторот Роман Русинов, во моментов се работи на следната верзија на автомобилот.
Факт е дека Rossa првично беше дизајнирана за тркачка патека. Меѓутоа, тој може да се измени за да одговара на стандардите за регистрација и користење на обични патишта. Автомобилот има 680 коњски сили и тежи 1100 килограми.
„Многу е важно автомобилот да буди емоции кај вас. Кога првите дизајнери го добија списокот со технички спецификации, на прво место беше автомобилот да предизвикува емоции и воодушевување. Во моментов работиме на втората верзија. Тоа ќе биде автомобил оспособен и за возење на јавни патишта. Но, тоа не значи дека уште утре ќе направиме такво возило“, објаснува авторот на проектот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче