- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Конференцијата се одржа на 12 мај 1998 година и траеше половина час. Од вкупно 4000 прашања Елцин одговори на внимателно избрани 15. Од тоа само три прашања поставија граѓани на Русија и четири граѓани на САД, додека останатите прашања ги поставија корисници на интернетот од Европа.
Сенцов Александар / Фотохроника ТАСС
За време на прес-конференцијата, хакерите се обидоа 20 пати да го пробијат претседателскиот сервер, но без успех. Од избраните прашања само неколку имаа врска со политика, сите останати беа теми поврзани со личноста на Елцин – дали е пушач, од каде му толку атрактивната фризура итн.
На крајот на конференцијата Борис Елцин вети дека ќе продолжи со реформите „за ни случајно да не се вратиме во комунистичката психоза“ а потоа го напушти студиото.