1.
Борис Елцин, прв секретар на Московскиот комитет на Комунистичката партија на СССР, разговара со Фидел Кастро во текот на посетата на кубанскиот лидер на Советскиот Сојуз 1986 година.
2.
Елцин пред почетокот на интервју со француски новинари во Париз на 3 септември 1990.
3.
Елцин во Њујорк во текот на официјалната посета на САД во јуни 1991.
4.
Елцин држи дете во рацете во текот на посетата на руската република Јакутија.
5.
Елцин во официјална посета на Франција, Hotel de Crillon.
6.
Тенисот му беше омилен спорт на првиот претседател на Русија.
7.
Претседателот Џорџ Буш му врачува на рускиот колега Елцин пар каубојски чизми како роденденски подарок на 1 февруари 1992.
8.
Елцин и канадскиот премиер Брајан Малруни со трофеи во текот на посетата на канадскиот лидер на Русија 1993 година.
9.
Претседателот на Русија во јакутска народна носија на прослава на празникот Исиах.
10.
Рускиот претседател во посета на дивизијата на внатрешните вооружени сили на МВР на Русија во Балашиха, Московска област.
11.
Елцин во посета на десантната падобранска дивизија во Тула.
12.
Борис Елцин ѝ покажува традиционален руски самовар на кралицата Елизабета II во текот на нејзината посета на Русија 1994 година.
13.
Елцин си поигрува додека Бил Клинтон свири саксофон во резиденцијата на рускиот претседател во Московската област.
14.
Во посета на антитерористичка единица во близина на Москва.
15.
Елцин со задоволство играше и одбојка. На млади години професионално се занимавал со овој спорт во Екатеринбург.
16.
Во посета на планинско пасиште во близина на езерото Чатигај во околината на Кизил, руска република Тува.
17.
Елцин во текот на посета на руската република Тува.
18.
Претседателот на Руската Федерација го држи Мечот на победата кој мајстори од градот Тула го направија по повод 50-годишнината од победата над нацистичка Германија.
19.
Елцин на традиционалниот Руски пролетен фестивал на ридот Ленински Гори, од каде се простира убав поглед на Москва, 1 мај 1996.
20.
Со францускиот претседател Жак Ширак во Рамбуе, недалеку од Париз, 1995.
21.
Елцин во болница по операцијата на срцето 1996 година.
22.
Рускиот претседател со сопругата Наина и внуката Маша 1996 година.
23.
Претседателот на Руска на дрвена лулашка во музејот на народна уметност во текот на работна посета на Архангелск.
24.
Рускиот претседател Владимир Путин и Елцин пред почетокот на церемонијата за инаугурација на Путин на 7 мај 2000.
25.
Поранешниот претседател на Русија Борис Елцин му ја честита на тенисерот Михаил Јужни победата над Французинот Пол-Анри Матје во финалето на „Дејвис купот“ на 1 декември 2002.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче