IT-стручњаците во Русија можат да добијат поволни кредити и одлагање на служењето на воениот рок

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
IT-компаниите во Руската Федерација можат да добијат поволни кредити за да можат да функционираат непречено.

Министерството за дигитален развој, врски и масовни комуникации на Руската Федерација подготви нови итни мерки за поддршка на IT-секторот во земјата.

Во подготвениот список влегоа даночни олеснувања за високотехнолошките компании, како и одлагање на воената обврска за програмерите. Покрај тоа, се работи за значително забрзување на воведувањето домашни технологии и компоненти на стратешки важните објекти, соопштува весникот „Комерсант“.

Се претпоставува дека сите работници на IT-компаниите во наредните три години ќе бидат ослободени од данокот на приход на физичките лица, додека компаниите ќе бидат ослободени од данокот на профит. Покрај тоа, вработените во овој сектор ќе имаат можност за добивање  хипотекарен кредит по повластени услови и каматна стапка од 5%.