Русија на странските програмери ќе им дава поволни кредити и дозволи за престој

Global Look Press
Странските ИТ стручњаци во Русија ќе добиваат по поедноставена постапка дозволи за престој и кредити.

Русија ќе ја поедностави процедурата за добивање дозвола за престој за странските ИТ стручњаци и ќе им понуди низа поволности, пишува весникот „Парламентскаја газета“. Меѓу другите мерки за поддршка ќе се најдат и поволни кредити.

Според информациите на весникот, поволните кредити и другите предлози се дел од акциониот план усвоен од државата за создавање дополнителни услови за развој на информатичката технологија. Овој документ опфаќа 62 мерки кои, меѓу другото, треба да го зголемат бројот на странци ангажирани во ИТ сферата.

Акцискиот план ги опфаќа условите за „привлекување и враќање во Русија на ИТ стручњаци и компании што се занимаваат со ИТ дејност, вклучително и поедноставени процедури за добивање дозвола за престој, поволни кредити и заеми и други мерки за поддршка“.

Коментирајќи ја иницијативата на руската влада, сопственикот на ИТ компанијата „Максимастер“ Максим Корниенко изјави за весникот „Парламентскаја газета“ дека Русија е во состојба, ако не да победи во трката за ИТ кадар, тогаш барем да не ја изгуби оваа трка. Притоа, според него, „програмерите од САД и Европа нема да дојдат да работат кај нас, додека пазарот на трудот на Заедницата на независни држави ни помага уште сега“.

Претходно беше објавено дека работните места програмер, топ-менаџер и инженер се најплатени во Русија. Во Москва највисока заработка на пазарот на трудот се нуди за позицијата финансиски директор: 350 илјади рубли месечно (над 4 илјади евра).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња