Министерството за дигитален развој, врски и масовни комуникации на Руската Федерација подготви нови итни мерки за поддршка на IT-секторот во земјата.
Во подготвениот список влегоа даночни олеснувања за високотехнолошките компании, како и одлагање на воената обврска за програмерите. Покрај тоа, се работи за значително забрзување на воведувањето домашни технологии и компоненти на стратешки важните објекти, соопштува весникот „Комерсант“.
Се претпоставува дека сите работници на IT-компаниите во наредните три години ќе бидат ослободени од данокот на приход на физичките лица, додека компаниите ќе бидат ослободени од данокот на профит. Покрај тоа, вработените во овој сектор ќе имаат можност за добивање хипотекарен кредит по повластени услови и каматна стапка од 5%.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче