Пиштолите „Удав“ со придушувач пристигнуваат во руската армија во 2023 година

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руската војска веќе ги добива пиштолите „Удав“ со калибар 9х21 мм наместо досегашниот пиштол „Макаров“, а во 2023 година почнува испораката на ова оружје во специјален комплет со придушувач.

Како што за агенцијата ТАСС соопштија од информативната служба на државната корпорација „Ростех“, првите испораки на новиот пиштол во стандардниот комплет биле реализирани уште минатата година. Во специјалниот комплет ова оружје е опремено со уреди за пукање без пламен и бучава. За оваа последна варијанта е направен и специјален куршум кој има поголема пенетрација и помала брзина.

Руската армија го тестираше „Удав“ во 2019 година. Пиштолот има релативно мала маса – тежок е 780 грама кога е празен и 980 грама со полна рамка. Собира 18 куршуми со калибар 9x21 мм.

Според експертите, новиот руски пиштол денес е најмоќниот на светот. Еден куршум испукан од овој пиштол на дистанца од 50 метри пробива железен лист со дебелина од 4 мм, од 75 метри пробива панцири и шлемови од втора класа на заштита, а неговиот ефективен дострел изнесува 100 метри.