Три уникатни авиони кои Русија можеше да ги има (ФОТОГРАФИИ)

Ловец Су-37 „Беркут“ (Су-47), експериментална летечка лабораторија.

Ловец Су-37 „Беркут“ (Су-47), експериментална летечка лабораторија.

Пашковски/Sputnik
Овие авиони можеа комплетно да ја променат ситуацијата во руската авијација, но беа препуштени на заборавот поради војните и економските кризи.

Се смета дека советските и руските авиони заедно со американските и француските спаѓаат меѓу најдобрите на светот. Во текот на целиот ХХ век руските инженери работеа на многубројни перспективни проекти кои би можеле да постават нови стандарди за авијацијата во целиот свет, а во исто време и да постигнат голем комерцијален успех.

Меѓутоа, од различни причини тие никогаш не беа пуштени во масовно производство, бидејќи тоа беше период кога Русија беше во војна или во економска стагнација.

Ги наведуваме трите најинтересни проекти од неодамнешното минато за кои можеби никогаш не сте ни слушнале.

Су-47

Руски експериментален ловец Су-37 „Беркут“ (Су-47) на конструкторското биро „Сухој“. Главен конструктор Михаил Асланович Погосјан.



 

Овој авион-ловец се појави кон крајот на 1990-тите и можеше да го заземе местото на рускиот ловец од петтата генерација Су-57 (овде дознајте сè за најмодерните руски авиони).

Важеше за еден од најнеобичните авиони на светот. Специфичен е по обратната геометрија на крилата. Таквата конструкција го олеснува маневрирањето при мали брзини, ја намалува видливоста на авионот на радарите при полетување и слетување, а во исто време обезбедува и поголема аеродинамична ефикасност.

Меѓутоа, токму фактот дека ловецот е толку различен од сите други модели влијаеше на одлуката на воениот врв да не го вклучи овој авион во својот арсенал.

„Беше премногу скап и несоодветен за масовно производство. Во производството на тие крила со обратна геометрија мораат да се користат скапи композитни материјали од јаглеродни влакна. Затоа воениот врв реши да го одложи проектот за „подобри денови“, бидејќи кон крајот на 1990-тите немаше доволно средства. Подоцна „Сухој“ го стартуваше проектот Су-57 и сите заборавија на тој претходен модел“, вели Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.

Па сепак, овој авион беше искористен за тестирање на технологии кои подоцна беа интегрирани кај ловецот Су-57.

„Сухој“ тестираше технологии за „невидливост“ и сместување на оружјето во внатрешноста на трупот со цел да ја намали видливоста на авионот на радарите. Двете технологии се модернизирани и сега се користат кај ловецот од петтата генерација Су-57 “, истакнува експертот.

„Сухој“ Су-21 бизнис-џет

„Сухој“ Су-21/С-21, суперсоничен деловен патнички авион.

Суперсоничниот деловен авион „Сухој“ С-21 беше пример за технички напредок во текот на 1980-тите. Тој авион беше исклучителен во секој поглед. Дури и денес изгледа како вселенски брод од иднината кој би можел да го заземе своето место на пазарот. Но, не беше пуштен во производство, иако пари во него инвестираа приватни фирми.

„Тоа во свое време беше еден од првите комерцијални прототипови на суперсонични патнички деловни авиони на пазарот. „Сухој“ пред многу години можеше да откине огромно парче во тој сегмент на пазарот“, вели главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“.

Според Мураховски, причината за откажување од масовно производство е недостигот на пари, како и во случајот со авионот-ловец Су-47.

„По распадот на Советскиот Сојуз руската војска буквално немаше пари за плата на офицерите и војниците, па ни на инженерите, а да не зборуваме за инвестирање милиони долари во развој на авиони. Ситуацијата се подобри во текот на 2000-тите, кога цените на нафтата и гасот скокнаа, па Москва започна програми за набавка и развој на оружје вредни милијарди долари“, истакнува експертот.

Една од овие програми и денес е на сила. Москва инвестираше околу 300 милијарди долари во развој и набавка на оружје до 2027 година. Тие пари ќе бидат потрошени на создавање нови стратешки авијациски и копнени системи, како и за општа модернизација на војската.

Првиот авион со топови на крилата

Авионот ББ-21 се појави во доцните 1930-ти. Тоа беше првиот авион во светот кој имаше топови на крилата.

„Претходно авионите користеа само митралези пред или зад пилотската кабина. Советските инженери претставија моноплан кој на крилата имаше топови на далечинско управување“, објаснува експертот.

Војската го прифати проектот, но тој не можеше да биде реализиран и пуштен во сериско производство бидејќи Советскиот Сојуз беше нападнат во 1941 година, па сите производствени капацитети беа пренасочени кон производство на авиони „Јак-1“. Тој авион беше технички полош и имаше помала огнена моќ, но СССР немаше избор.

ББ-21 од вооружување требаше да има два топа со голем калибар и два митралеза на секое крило, како и митралез во задниот дел за заштита на авионот за време на воздушни битки и напади одзади.

Авионот можеше да развие брзина од 400 км/ч и да лета на висина од 6650 метри, што кон крајот на 1930-тите беше мошне иновативно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња