Су-47 „Беркут“
СкриншотАвторот на овој текст и воздухопловен стручњак Том Демерли пишува за „експерименталниот и многу редок ловец Су-47 „Беркут“, кој им беше прикажан на посетителите на популарниот дел од саемот наречен „Трубы“.
„Направен е само еден примерок на ова летало. Првиот лет го изврши во септември 1997 година, што предизвика голем интерес кај западните експерти“, се вели во написот што го објави сајтот The Aviationist, а чиј текст го пренесе интернет-порталот ИноСМИ.
Ловецот Су-47 „Беркут“ се нарекува и „Златен орел“, додека уште се присутни и ознаките како „С-32“, „С-37“ или НАТО- Firkin, потсетува воздухопловниот експерт. Овој авион е направен за проверка на функционалноста на неколку нови системи наменети за управување со леталото при лет, како и на општите карактеристики на конструкцијата. Сепак, негова главна карактеристика кога станува збор за дизајнот беа инверзните крила (во форма на обрната стрела), напоменува Демерли.
„На ова необично летало на компанијата „Сухој“ се имаше современ компјутеризиран систем за управување со електронски команди, а трупот му беше делумно изработен од композитни материјали како што се јаглеродните влакна“, се наведува во текстот. Авторот напоменува дека врз „Беркут“ биле реализирани тестирања на новата технологија, која подоцна е употребена при развојот на руското летало од петтата генерација Су-57.
Кога бројните новинари и блогери го здогледаа авионот на пистата на аеродромот Жуковски, тие не го препознаа веднаш. Дури малку подоцна сфатија дека добиле можност да видат нешто што е многу ретко и уникатно во воздухопловната индустрија.
Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019 се одржува од 27.08-01.09 во градот Жуковски, кој се наоѓа недалеку од Москва. Организатори на овој настан се руското Министерство за одбрана и државната корпорација „Ростех“. На саемот ќе учествуваат 827 компании од 33 земји, од кои 184 ќе бидат од странство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче