Во август 2019 година на изложбата на воздухопловна техника МАКС рускиот претседател Владимир Путин го разгледуваше авионот Су-57 заедно со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Претседателите дури и разговараа за потенцијална набавка на овие авиони за потребите на турското воено воздухопловство. А, Турција, како што знаеме, е член на НАТО.
Моментално единствен ривал на најдобрите американски ловци
Су-57 е втор довршен ловец од петтата генерација во светот (Кина сè уште работи на својот Ченгду Ј-20).
Авионот настана како противтежа на најдобрите американски ловци Ф-22 Раптор и Ф-36 Лајтнинг II.
Историјата на Су-57
Работата над авионот започна уште во првите години на 21 век. Десет години подоцна (во 2010 година) беше изведен првиот лет.
На почетокот проектот наиде на сериозни критики поради проблемите кои не дозволуваа да се зборува за ловец од петтата генерација. А, еден од најголемите беше моторот. Сепак, кон крајот на 2018 година тие беа решени и Су-57 влезе во сериско производство.
Руската воздухопловна воена индустрија во сериско производство го пушти млазниот мотор од „првата етапа“ АЛ-41Ф1 кој ќе се користи за комплетирање на повеќенаменските ловечки авиони од петтата генерација Су-57. Новиот мотор може да развие максимална брзина од 2.600 километри на час и да оствари долет од 4.300 километри.
Повеќе на оваа тема: Актуелно: Руската воена индустрија започна сериско производство на млазни мотори за Су-57
Руските авиоконструктори принципиелно не веруваат во ефикасноста на системот што на авионот му овозможува радарски да остане целосно невидлив. Нивната концепција се потпира на тоа противничките радари да се збунат и според таа формула да се конструираат најновите борбени летала. Страничните радари кои се монтирани на авионот Су-57 се наменети токму за тоа. Тие го деформираат рударското поле што го проектира американскиот авион, а кое ја фиксира својата цел на принципот на доплеров ефект.
Во конструкцијата на Су-57 за првпат се користи радар со активна фазирана антенска решетка (АФАР).
Новиот радар може да го скенира просторот и во дел од секунда да го сврти видното поле за 200 степени странично во однос на авионот. Тој може да избира цели, да наведува кон нив оружје и да работи како средство за радиоелектронско попречување, а исто така може да создаде и електронска „невидлива наметка“ околу ловечкиот авион.
Токму АФАР денес ја овозможува реализацијата на идејата за мрежноцентрично војување, кога авионот станува команден пункт на копнените единици, системот за ПВО и цела група ловечки авиони.
Повеќе на оваа тема: Какви ќе бидат авионите од шестата генерација во САД и Русија?
Високопрецизните крстосувачки ракети и планирачките воздухопловни бомби кои се наменети за уништување на високозаштитени земски цели на непријателот можат да се вклопат и во внатрешните борбени оддели на ловецот од петтата генерација, како што се авионите Су-57.
Новата „паметна“ воздухопловна бомба КАБ-250 исто така ќе влезе во вооружувањето на рускиот повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57. Овој авион „паметните кабовки“ ќе ги носи на своите подвесни точки кои ќе се наоѓаат во неговиот труп.
На оваа тема прочитајте: Ловците од петта генерација Су-57 ќе добијат ракети „воздух-воздух“ со супериорен дострел
Барем засега има толку нарачки. Инаку, секој Су-57 чини 34.4 милиони американски долари, што е петпати поевтино од американскиот Ф-22 Раптор, кој чини 146.2 милиони американски долари.
И едниот и другиот се ремек-дела. И секој има свои силни и слаби страни.
Меѓународните експерти велат дека рускиот Су-57 има поголема маневрабилност во потенцијален судир со Ф-22 и со Ф-35. Исто така велат дека „Американците“ се речиси невидливи за радар, но кога ќе бидат забележани, шансите да побегнат се мали.
На целата територија на Русија. Сепак, засега не постојат планови за нивно базирање на територијата на сојузниците, па ниту во руските воздухопловни бази во странство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче