Колку ќе чини авиотаксито во Москва?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Компанијата Hover планира да добие дозвола за работа на такси-дронови кои би започнале со воздушен превоз 2023-2025 година.

Цената на лет со авиотакси во Москва ќе изнесува околу 200 рубли по километар (2,5 евра), изјави генералниот директор на компанијата Hover Александар Атаманов.

Првично беше планирано авиотаксито да биде поевтино од обичното, но инфлацијата значително влијаеше на бизнис-моделот, објаснува тој. На пример, лет од 20 минути од Кремљ до Москва-Сити ќе чини 4 илјади рубли (околу 49 евра).

Претходно беше објавено дека Hover планира да добие дозвола за работа на такси-дронови кои би започнале со воздушен превоз 2023-2025 година.