Новиот проект го доби називот „Формула проект“ (Formula Project). Летечкото такси може да прими 5 патника. Творците на овој автомобил тврдат дека тоа не е проект на иднината туку на денешнината. Според функционалноста и комфорот е слично на обичен автомобил и лесно може да се смести на едно паркинг место.
Апаратот се движи со помош на 52 помали турбини „Вентури“ (Venturi) и склопливи крила. 48 турбини го обезбедуваат полетувањето и слетувањето, а останатите 4 се задолжени за хоризонтално движење.
„Формула проект“ работи на струја. Без дополнување на акумулаторот може да прејде 450 километри, а максималната брзина што ја развива овој летечки транспорт изнесува 320 км/час.
Инженерите најавуваат дека првиот работен прототип ќе го претстават во 2018 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче