
rudalle.ru
Рускиот финансиски екосистем „Сбер“ ја претстави првата мултимодуларна невронска мрежа ruDALL-E, која креира слики врз основа на текстуален опис на руски јазик.
Ги создава на следниов начин: најпрвин една невронска мрежа го обработува внесениот текст и генерира слики, втора ги избира оние што најдобро одговараат на описот, а трета ги зголемува без губење на квалитетот и го исфрла резултатот.

rudalle.ru
За да добиете слика, треба да отидете на сајтот https://rudalle.ru или да го стартувате ботот на невронската мрежа на Телеграм, потоа да го внесете описот на саканата слика и да го почекате резултатот. Сликата најчесто се појавува по неколку минути. Со еден опис можете да испратите неограничен број барања, невронската мрежа секој пат ќе даде нов резултат.

ruDALL-E
Невронската мрежа непрекинато учи врз основа на слики и текстови. Од компанијата нагласуваат дека таа има голем потенцијал и дека може да се користи за дизајнирање ентериер, сток фотографии, слики за реклами и копирајтинг, како и за архитектонски и индустриски дизајн.
ruDALL-E
Па сепак, некои слики се премногу смешни или морничави, така што корисниците на рускиот интернет со задоволство ги споделуваат добиените резултати.
Вака според мислењето на невронската мрежа изгледа мачор-комунист:
А вака „јокарниј бабај“ (еуфемизам што се користи наместо пцост):
Ковид ограничувањата:
Групата АББА:
Ремек-дело на современата уметност:
Министерство за љубов:
Фасцинантна празнина:
Вонземјани:
Ленин со вратоврска:
А вака, според мислењето на невронската мрежа, изгледа логото на порталот Russia Beyond:
ruDALL-E
ruDALL-E