Добредојдовте во Неврорусија, непостојна, но препознатлива земја креирана од невронска мрежа (ФОТО)

Neurussia
Руски програмер научи невронска мрежа да креира пејзажи со руски солитери. Изгледаат интересно, а понекогаш и застрашувачки.

25-годишниот руски програмер Иљја Беликов во ноември 2020 година на руската социјална мрежа „ВКонтактеˮ ја основа групата „Неврорусијаˮ (Нейроссия). Секои неколку дена во групата се појавуваат нови прикази на руски предградија со солитери и индустриски зони.

Тоа не се дела на уметник или фотограф, туку креации на невронска мрежа.

„Во Русија е многу популарна депресивната култура во различни варијанти. Ми скисна тоа што рускиот сегмент на интернетот е преполн со постпанк, солитери и руски депресивци и си помислив: ако не можеш да ги победиш, надмини ги. Најпосле, што може да биде побесмислено и потажно од невронска мрежа која генерира хипертрофирано хтонска Русијаˮ, изјави Иљја Беликов во интервју за TJ.

Невронската мрежа помина тридневна обука. Како извор Беликов користеше фотографии на солитери и пејзажи на руски предградија од други групи на социјалната мрежа.

Невронската мрежа анализираше околу 15 илјади фотографии. Иљја за Russia Beyond изјави дека мрежата веќе во почетната фаза научила да ја репродуцира бојата на зградите.

Освен тоа, Иљја ја обучи невронската мрежа да генерира слики на руски мачки и украсени прозорски рамки на дрвени куќи, а планира и да ја научи како да креира слики со советски новогодишни украси за да „Неврорусијаˮ исто така ја впие атмосферата на претстојните празници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња